На малцинствата не гледаат како мост на поврзување со нашите матични земји, каде што можеме да дадеме придонес. Ние како малцинства сме сите мирољубиви малцинства. Ние сме лојални на оваа држава, плаќаме даноци во оваа држава и досега не сме презеле ништо против оваа држава, затоа што таа на крајот е наша татковина. Овде сме родени, овде живееме и го сакаме најдоброто за оваа земја, но на крајот сакаме да си го зачуваме и тоа што сме, нашата националност, нашиот јазик. Не е некој проблем што државата не може да го реши, изјави Васил Стерјовски, во гостување во емисијата „60 минути” на СКАН телевизија.
На констатацијата на новинарот дека барањата се оправдани, но прашање е дали можеби толку се капацитетите и можностите на Албанија, тој вели дека не се работи за тоа дали државата има капацитет или нема.
-Секако дека има. Да го земеме, на пример, едно од нашите права, а тоа е правото на образование. Ние во Пустец го имаме тоа право од 1945 година, во општина Пустец и во селото Врбник во Деволската област. Но, сега училиштето таму е затворено, бидејќи поради лошите услови за живеење луѓето си заминале. Во областа Голо Брдо, во областа Гора, поточно таму каде што има барање, бидејќи таму сите се Македонци, сите зборуваат македонски, но сакаат да научат и да пишуваат. Со неколку професори по македонски јазик, да се воведе македонскиот јазик во наставниот процес, не е проблем за државата, некој голем трошок да се ангажираат и да се платат пет професори, оценува тој.
Според Стерјовски тоа е потврда дека едноставно немало политичка волја од сите влади, не само од оваа влада. Едноставно, како што кажав, рече тој, тоа беше обврска од ЕУ, и законодавството за малцинствата напредувало како што нашата земја напредувала кон ЕУ.
Посочува дека политичка волја не постои зашто сите партии се плашат, особено како ќе реагира електоратот, „да не им дадеме многу на малцинствата“.
Верувам, додаде, дека ова е она од што креаторите на политиката најмногу се претпазливи.
-Мојата порака, пред сè е дека сите влади треба да обрнат внимание, особено на областите каде што живеат малцинствата. Јас конкретно, зборувам за мојата заедница. Ние можеме да зборуваме за правото на образование, култура и јазик, но во крајна линија тие треба да имаат подостоинствен живот, бидејќи условите во кои живее македонското малцинство во Албанија во руралните средини се навистина скандалозни: без патишта, без вода, без канализација, изјави Стерјовски.
Смета дека „треба да има поголемо внимание од сите влади за подобрување на животот на македонската заедница што живее таму, а потоа да зборуваме за културата, традициите и јазикот”.
Слични новости
Америка ја замрзнува помошта за Косово
Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.
Шест илјади луѓе го напуштија Санторини
Грчкиот авиопревозник „Aegean Airlines“ соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, оперирајќи вкупно девет летови, од кои пет не биле вонредни
Вашингтон во конфликт со Приштина: Лага е дека Курти е близок на САД
Американскиот пратеник за специјални операции низ светот Ричард Гренел го отфрли тврдењето на косовскиот премиер Албин Курти дека неговата влада има најдобри односи со САД, нарекувајќи го лажно