Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поденсе кривична пријава против К.Х поради исновано сомнение дека го сторил кривичното дело ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ по член 279 став 2 в.в со став 1 од Кривичниот законик .
Пријавениот К.Х. во својство на сопственик и управител на Друштво за производство, трговија и услуги ХЕЛЕНА-М ДООЕЛ увоз-извоз од струмичко Василево во периодот од 01.01.2019 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист акумулираната добивка во износ од 143.547.895 денари (која се намалува за пренесена загуба во износ од 107.153.008 денари, а која загуба се покрива од Резервите кои изнесуваат 33.038.978 денари, при што останува добивка за оданочување во износ од 63.086.473 денари на која се додава Добивката за фискалната година во износ од 4.185.559 денари), евидентирана во пасивата на…
..Билансот на состојба неосновано ја присвоил за себе, меѓу другото не извршил отпис на застарени Побарувања од купувачи во износ од 69.598.403 денари, а со намера да ги прикрие инкриминираните активности, не изготвил и не поднел Завршни сметки од 2019 година до денес до Управата за Јавни приходи и до Централниот регистар при што пријавениот К. Х. не пресметал и не уплатил Данок на Добивка во износ од 6.308.647 денари по основ на присвоена акумулирана добивка, а за неотпишаните застарени Побарувања од купувачи не пресметал и не уплатил Данок на добивка во износ од 6.959.840 денари или вкупно 13.268.488 денари, за кој износ го оштетил Буџетот.
Слични новости
Уставниот суд ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Законот за данок за солидарност. Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон беше поведена на 20 ноември минатата година
Втор ден од посетата на Муртезани на Брисел, меѓу другите и средба со Кос
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ја продолжува дводневната работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос
Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина
На форумот ќе се разговара за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор, со акцент на регионалната соработка, енергетските интерконекции и транзицијата кон чиста енергија, соопштија организаторите на Самитот