Италијанскиот фудбалски клуб АС Рома сака да го доведе бразилскиот играч за врска 32-годишнио Касемиро како позајмен играч во зимскиот преоден рок, но договорот зависи од тоа дали ќе успеат да го продадат аргентинскиот коректор на средниот ред Леандро Паредес.
И покрај тоа што е најплатен играч на Јунајтед, со годишна плата од 23 милиони евра, Касемиро се најде во немилост кај новиот тренер Рубен Аморим, објавија во средата британските медиуми. Португалскиот стратег воопшто не го искористи на последните шест натпревари, па Касемиро е подготвен да ја прифати понудата да биде на позајмица во Рома до крајот на сезоната.
Сепак, проблем е неговата огромна плата, која Рома може да ја покрие само со мал дел, додека главниот товар би останал на грбот на Јунајтед. Ваквото сценарио воопшто не му се допаѓа на клубот од „Олд Трафорд“. Исто така, Рома прво би морала да го продаде Леандро Паредес, за кој е заинтересиран за саудиски Ал Шабаб.
По успешната сезона во Реал Мадрид, каде што формираше среден ред со Лука Модриќ и Тони Крос што му донесе на „Кралскиот клуб“ пет титули во Лигата на шампионите, Касемиро се пресели во Манчестер Јунајтед во август 2022 година. Англискиот клуб плати отштета од 70 милиони евра, а неговиот договор е со важност до јуни 2026 година.
Слични новости
Манчестер Сити на засилувања потроши шест пати повеќе од водечкиот Ливерпул
За еден месец Манчестер Сити потроши дури 243 милиони евра на засилувања, додека лидерот во Премиер лигата, Ливерпул потроши скромни 42 милиони
Тотенхем го доведе 19 годишниот Матис Тел од Барен Минхен
Во финишот на преодниот рок англискиот премиерлигаш Тотенхем ја комплетираше позајмицата на 19 годишниот Матис Тел од Баерн Минхен.
Тој доаѓа во Тотенхем на позајмица, но со опција да биде откупен за 60 милиони евра.
Насер Џига замина од Ѕвезда во Вулверхемптон
Досегашниот фудбалер на Црвена Ѕвезда Насер Џига потпиша договор со Вулверхемптон до 2030, соопшти англискиот клуб.