Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа следната седмица, соопшти неговиот кабинет во вторникот вечерта.

Трамп го поканил израелскиот премиер да го посети на 4-ти февруари, се вели во соопштението објавено од кабинетот на Нетанјаху.

Белата куќа потврди дека на израелскиот премиер му била испратена покана за почетокот на следната седмица, но не прецизираа точен датум.

 

Нетанјаху ќе биде првиот странски лидер којшто ќе биде примен од Трамп откако тој го презеде новиот претседателски мандат минатата седмица.

Состанокот на самиот почеток на мандатот на Трамп може да се смета како силен гест на поддршка за Нетанјаху, кој се најде под жестоки меѓународни критики за војната во Газа. САД се најважниот сојузник на Израел и најголемиот снабдувач со оружје.

Додека претходникот на Трамп, Џо Бајден, никогаш не ја повлече својата поддршка за Израел, но сè повеќе ја критикуваше воената кампања на земјата во Газа, во која загинаа повеќе од 47.000 Палестинци од почетокот на војната.

Од друга страна, познато е дека Трамп е многу поблизок со Нетанјаху. Во првите денови од неговиот втор мандат, тој повторно изрази поддршка за Нетанјаху. Покрај укинувањето на санкциите од ерата на Бајден за израелските доселеници на Западниот брег, Трамп, исто така, предизвика гнев со тоа што предложи да се „исчисти“ и главно уништениот Појас Газа. Палестинците да се преселат во други арапски земји.

globe

Слични новости

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро обвинет за обид за државен удар

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро обвинет за обид за државен удар

Државниот обвинител на Бразил во вторникот официјално го обвини поранешниот екстремно десничарски претседател 69-годишниот Жаир Болсонаро и 33 други лица за обид за државен удар по неговиот пораз на изборите во 2022 година

Кина ѝ ветува на Јужна Америка односи на доверба, додека Трамп поставува барања

Кина ѝ ветува на Јужна Америка односи на доверба, додека Трамп поставува барања

Кина секогаш ќе биде „доверлив“ пријател и партнер на Латинска Америка, му порача кинескиот министер за надворешни работи на својот боливиски колега, во време кога Пекинг и Вашингтон се обидуваат да го зајакнат своето присуство во регион традиционално во американската сфера на влијание

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за автомобили, лекови и чипови

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за автомобили, лекови и чипови

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека планира да воведе царини за автомобили од околу 25 отсто и слични давачки за полупроводници и фармацевтски производи, што е најновата во серијата мерки што би можеле да ја нарушат меѓународната трговиј