Неколку часа откако претседателот на Србија Александар Вучиќ повика на смирување на тензиите во Србија, во Нови Сад група мажи со безбол палки ги нападнаа студентите што протестираа.
Една девојка е потешко повредена и во моментов е во клиничкиот центар во Војводина. Нејзе и е дислоцирана вилицата и има повреди по телото.
Уште неколкумина студенти имаат повреди, а лекарите ја утврдуваат состојбата на нападнатите студенти“ наведуваат студентите од Филозофскиот факултет во нивното соопштение.
Нападот се случил во 03 часот и 30 минути по полноќ. Студентите и граѓани на Нови Сад се упатија кон просториите на Српската Напредна Странка, по изјавите дека напаѓачите со безбол палки излегле од просториите на партијата.
Студентите во Белград и Ниш го осудија нападот и најавија нови протести. Од основното јавно обвинителство велат дека постојат сомнежи дека е извршено кривичното дело насилничко однесување.
Студентите и дадоа рок на полицијата да ги приведе одговорните до 16 часот.
Слични новости
Протести и блокади во Црна Гора, најголеми во Подгорица
Во повеќе градови во Црна Гора во вторникот вечерта се одржаа блокади, меѓу кои и на еден од најфреквентните кружни текови во Подгорица, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи
Во вторникот, на барање на нивните колеги од Словенија, сараевската полиција спроведе рации со цел да ги приведе припадниците на организираниот криминал поврзани со убиството на Сатко Кекиќ, сведокот покајник
Америка ја замрзнува помошта за Косово
Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.