Цените на акциите паднаа на европските берзи во понеделник во претпладневнто тргување, по минатонеделниот раст, при што најголем притисок имаше врз технолошкиот сектор.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,7 отсто во првиот дневен пресек од тргувањето, откако минатата седмица порасна за 1,2 отсто. Претпладнево лондонскиот FTSE индекс се лизна за 0,32 отсто, на 8.475 поени, додека франкфуртски DAX падна за 1,01 отсто, на 21.180 поени, а париски CAC за 0,81 отсто, на 7.865 поени. Падот на индексите најмногу се должи на падот на цените на акциите во технолошкиот сектор, во просек за 3,8 отсто.
И на азиските берзи се тргува претпазливо. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI беше речиси непроменет претпладнето. Јапонскиот индекс Nikkei падна за 0,9 отсто, додека цените на акциите во Шангај и Хонгконг пораснаа меѓу 0,1 и 0,5 отсто. Во Австралија, Јужна Кореја и Тајван нема работни денови поради празници.
На последниот ден од тргувањето на кинеските берзи пред повеќедневните лунарни новогодишни празници, постои претпазливост, бидејќи беше објавено дека активноста во кинескиот производствен сектор неочекувано паднала во јануари, намалувајќи ги надежите за забрзување на економскиот раст. Од друга страна, позитивно е што заработката на кинескиот индустриски сектор во декември минатата година била за 11 отсто поголема од претходната година.
Се очекува оваа седмица берзите во регионот да забележат помал обем на тргување од вообичаено поради лунарната нова година. Поради ова, многу маркети ќе бидат затворени најмалку два, а понекогаш и повеќе дена.
Слични новости
Пад на доларот и нафтата
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути остро падна во раното претпладневно тргување во средата
Стравувањата од трговската војна се намалуваат на Волстрит
Берзанските индекси пораснаа на Волстрит во вторникот, бидејќи инвеститорите се надеваа дека Вашингтон ќе постигне договор за заштита на границите со Канада и Мексико и на тој начин да избегне трговска војна
Нафтата стабилна на 76 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари на 76 долари, додека инвеститорите се обидуваат да проценат дали новите американско-кинески царини ќе го означат почетокот на трговската војна