Северна Кореја изврши тестирање на стратешка крстосувачка ракета во саботата, објави во неделата државната новинска агенција KCNA. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледувал тестирањето, се вели во извештајот, кој го опишува како пробно истрелување на „голем систем за оружје“. Стратешките крстосувачки ракети „подводно-земја“ прелетале 1.500 километри и летале помеѓу 7.507 и 7.511 секунди пред да ги погодат своите цели, објави државната новинска агенција KCNA.

Во одделен извештај на KCNA во неделата, севернокорејското Министерство за надворешни работи вети „најстрога контрамерка“ против Соединетите држави сѐ додека Вашингтон го „отфрла“ суверенитетот на Пјонгјанг. „Воената алијанса и заедничките вежби меѓу Јужна Кореја и САД се виновни за зголемувањето на тензиите во регионот„, се вели во соопштението на Министерството што го пренесе KCNA.

Изјавата дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп за време на интервјуто во четвртокот рече дека повторно ќе контактира со Ким откако двајцата ќе развијат работни односи во првиот мандат на Трамп.

Средствата на Северна Кореја за одвраќање на војната „потемелно се усовршуваат“, рекол Ким, цитиран од агенцијата, и се додава дека водачот, исто така, ветил континуирани напори за зајакнување на војската.

„Ким Џонг-ун потврди дека Демократска Народна Република Кореја секогаш ќе вложи силни напори… да ја исполни својата важна мисија и должност да го брани одржливиот и траен мир и стабилност врз основа на посилно развиени воени сили во иднина“, се наведува во извештајот на севенокорејската новинска агенција.

Во соопштение подоцна во текот на денот, началникот на Генералштабот на Јужна Кореја наведе дека Северна Кореја истрелала повеќе крстосувачки ракети од копно кон водите во близина на нејзиниот западен брег во саботата околу 16 часот по локално време.

Во извештајот на KCNA се вели дека ракетното тестирање е дел од плановите за градење национални одбранбени капацитети против потенцијалните непријатели во согласност со променливите регионални безбедносни околности. Претходно овој месец, севернокорејските државни медиуми објавија дека Ким го надгледувал успешното тестирање на новата хиперсонична балистичка ракета со среден дострел (IRBM).

globe

Слични новости

ЕУ сака праговори со САД за спречување на царините на Трамп

ЕУ сака праговори со САД за спречување на царините на Трамп

Европската унија сака брзо да влезе во дијалог со САД во врска со планираните царини на претседателот Доналд Трамп, изјави во вторникот европскиот комесар за трговија Марош Шефчович, додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен заклучи дека преговорите ќе бидат тешки