Американската тенисерка Медисон Киз го освои првиот гренд слем во кариерата, откако во финалето на Австралија опен ја победи Белорусинката Арина Сабаленка со 2:1 во сетови ( 6:2, 2:6, 7:5). Првиот сет 29 годишната Киз го доби лесно откако направи два брејка и поведе со 4:1 во гемови, но сабаленка возврати со два брејка во вториот сет и изедначи на 1:1.

Во третиот сет немаше брејк се до водството на Американката од 6:5, кога не сервис на Сабаленка Киз ја искористи втората меч топка и така стигна до најголемиот успех во кариерата.

Победничката на Австралијан опен доби 2,1 милиони евра, а поразената 1,15.

Слични новости

Холандскиот фудбалер Тајлер Маласија замина во ПСВ Ајндовен од Манчестер Јунајтед

Холандскиот фудбалер Тајлер Маласија замина во ПСВ Ајндовен од Манчестер Јунајтед

Досегашниот фудбалер на Манчестер јунајтед Тајлер Маласија до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во ПСВ Анјдховен, соопшти холандскиот клуб. На крајот од сезоната ПСВ ќе има право да го откупи договорт на холандскиот фудбалер.