Денеска во грчкиот парламент пратениците гласаа за избор на нов претседател на Грција, откако петгодишниот мандат на претседателката  Катерина Сакеларопулу и завршува на 13 март оваа година. Се очекува нов претседател на Грција да биде Константинос Тасулас донеодамна претседател на грчкиот парламент од редовите на владејачката Нова Демокартија кој на денешното гласање доби 160 гласа.

За избор на нов грчки претседател се предложени четвроица кандидати, па не се очекува денеска никој од нив да го добие потребното двотретинско мнозинство од 200 гласа во парламентот за избор на претседател.

Според уставот, парламентот гласа најмногу пет пати, а се очекува Тасулас да биде избран за претседател кога на гласањето ќе му биде потребно просто мнозинство односо 151 глас. Нова Демокартија во парламентот има мнозинство од 156 пратеници. Следното гласање е в петок.

 

Слични новости

Хрватска : Граѓаните повикани да се изјаснат кои од трите трговски синџири сакаат да ги бојкотираат

Хрватска : Граѓаните повикани да се изјаснат кои од трите трговски синџири сакаат да ги бојкотираат

Организаторот на бојкотот на трговските ланци во Хрватска „Ало инспекторе“ објави анкета со повик до граѓаните да се изјаснат кои три трговски синџири ќе бидат цел на новиот седумдневен бојкот.