Обвинителството во Лос Анџелес соопшти дека нема да подигне обвинение против американскиот рок пејач Мерилин Менсон по повеќегодишна истрага за наводите за сексуален напад и насилство во неговото семејство. Окружниот обвинител во Лос Анџелес Нејтан Хохман рече дека доказите не се доволни за 56 годишниот рокер да биде обвинет.
Детективите на почетокот на 2021 рекоа дека го истражуваат Менсон поради инцидент меѓу 2009 и 2011 година во Западен Холивуд, каде што во тоа време живеел. Тој беше обвинет од британската глумица Есма Бјанко дека сексуално ја нападнал, а Менсон рече дека тоа не е вистина и дека е дел од координиран напад од повеќе жени врз него.
Бјанко го тужеше пејачот за сексуален напад и злоставување во 2009. Таа беше една од четирите жени што го тужеа пејачот, заедно со неговата поранешна асистентка Ешли Вотерс, манекенката Ешли Морган Смитлајн и уште една жена која реши да остане анонимна.
Повеќе од десет жени изнесоа јавни обвиненија против музичарот, меѓу кои и неговата поранешна вереница Еван Рејчел Вуд.
Слични новости
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки” добитник на BSC Special Achievement Award
Британското здружение на кинематографери (BSC) ја додели својата награда за посебно достигнување (Special Achievement Award) на ИФФК „Браќа Манаки“
Почина познатиот српски новинар и колумнист Теофил Панчиќ
Писателот, колумнист и новинар Теофил Панчиќ синоќа почина по долго и тешко боледување, објави српскиот неделник време, каде што Теофил Панчиќ беше...
И Битлси и Стоунси добитници на Греми
Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес