Цените на нафтата се зголемија до 79 долари во петокот, бидејќи стравувањата на трговците стивнаа дека САД би можеле да ги користат царините и санкциите на почетокот на претседателствувањето на Доналд Трамп за да го запрат економскиот раст и побарувачката на енергенси.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 59 центи повисока од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 78,88 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 49 центи повисока цена, по 75,11 долари.
Засебно Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки била речиси непроменета во четвртокот на 80,77 долари.
Расположението на пазарите седмицава го одбележаа пораките на американскиот претседател Доналд Трамп. Во четвртокот, цената на нафтата падна под 79 долари, бидејќи Трамп им кажа на присутните на Светскиот економски форум во Давос дека побарал од OPEC и нејзиниот де факто лидер Саудиска Арабија да преземат акција што ќе ја намали цената на нафтата.
OPEC и неговите сојузници големи независни производители предводени од Русија познати како OPEC+ ја намалуваат понудата од 2022 година за да ги поддржат цените поради зголемената понуда од независните производители и слабата побарувачка. Групацијата има намера постепено да пушти повеќе барели на пазарот, но во меѓувреме го одложи крајниот рок до почетокот на април.
Меѓународната агенција за енергетика (IEA) пресмета дека понудата на нафта ќе се зголеми за 1,9 милиони барели дневно во 2025 година, дури и ако OPEC и неговите сојузници, вклучително и Русија, го одложат зголемувањето на снабдувањето до 2026 година, бидејќи другите независни производители предводени од САД „ќе влетаат“ на пазарот.
На неговиот прв ден на функцијата, Трамп објави дека неговата цел е да го зголеми домашното производство, со „вонредна состојба“ во енергетскиот сектор што ќе му овозможи да го забрза издавањето дозволи за нови проекти.
Во исто време, трговците беа загрижени од неговите пораки за можни царини за Канада, Мексико, Кина, Европската унија и Русија. Но кон крајот на трговската седмица загриженоста стивна.
„Трамп е претседател една седмица, а неговите извршни наредби не го нарушија снабдувањето. Фокусот беше ставен на домашната политика во повеќето случаи.
Чекавме одлуки за царини за Иран, Венецуела и Русија“, велат аналитичарите.
Заканата од строги санкции кон Русија и Иран, клучните производители, може да ја поткопа целта на Трамп за намалување на трошоците за енергенсите, објасни Алекс Ходес во белешката.
„Пазарите полека се свртуваат кон рокот за царини во февруари и најверојатно ќе останат претпазливи, со оглед на потенцијалните негативни последици за глобалната економија и побарувачката на нафта“, објаснува Јеап Јун Ронг од IG.
Неизвесноста го засени падот на залихите на сурова нафта во САД минатата седмица, за милион барели, покажуваат податоците на Министерството за енергетика. Намалени се и залихите на дестилати, за 3,1 милиони барели, додека залихите на бензин се зголемени за 2,3 милиони барели.
Слични новости
Извозот на коњак потона во 2024-та
Извозот на коњак остро паднал во 2024 година, како одраз на значително намалените помали испораки во Кина, покажаа податоците од здружението на производители објавени во средата
Инфлацијата во Русија остро забрзала во јануари
Цените во Русија нагло пораснаа на крајот на 2024 година и почетокот на 2025 година, бидејќи капацитетите во индустријата и услужниот сектор повторно заостанаа зад побарувачката, забележа централната банка
Стравот од трговска војна меѓу САД и Кина ја поевтини нафтата до 75 долари
Цените на нафтата паднаа до 75 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи стравувањата на инвеститорите од трговска војна меѓу САД и Кина што ќе ја ограничи побарувачката ги надминаа навестувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека тој повторно би можел да го блокира извозот на иранска нафта