Рускиот претседател Владимир Путин во петокот рече дека тој и Доналд Трамп би требало да се сретнат за да разговараат за војната во Украина и цените на енергенсите, прашања што американскиот претседател ги истакна во првите пет дена од неговата нова администрација.
Путин во изјавата за телевизискиот канал Россия 1, сепак, рече дека не може да има сериозни мировни преговори со Украина, освен ако Западот не го притисне претседателот Володимир Зеленски за да го поништи декретот од 2022 година со кој му се забранува да преговара со рускиот челник.
„Отсекогаш велевме, сакам уште еднаш да нагласам: подготвени сме за овие преговори за украинското прашање, но и тука има прашања кои бараат посебно внимание. На пример, како што е познато, актуелниот шеф на режимот во Киев, кога сè уште беше прилично легитимен шеф на државата, издаде декрет за забрана на преговорите“, рече Путин алудирајќи на тоа што минатата година истече претседателскиот мандат на Зеленски.
Путин го опиша Трамп, кој оваа седмица ѝ се закани на Русија со нови санкции и царини доколку не преговара за крај на војната, како „паметен и прагматичен“. Тој рече дека не очекува американскиот претседател да носи одлуки за санкции кои би влијаеле на американската економија.
„Затоа, најверојатно ќе биде подобро за нас да се сретнеме, врз основа на денешните реалности, мирно да разговараме за сите оние области важни за САД и за Русија. Ние сме подготвени“, рече Путин додавајќи дека тоа зависи од избор на американската страна.
Агенцијата Reuters оценува дека ова е најсилниот показател досега од Кремљ дека посакува скорешен самит со Трамп по трите години практично никаков контакт на високо ниво со западните челници поради војната во Украина.
Путин рече дека отсекогаш имал „прагматичен, доверлив однос“ со Трамп. Тој, исто така, изрази поддршка за тврдењето на Трамп дека тој а не Џо Бајден е вистинскиот победник на американските избори во 2020 година.
„Не можам да не се согласувам со него дека ако беше избран за претседател, ако не му беше украдена победата во 2020 година, тогаш можеби немаше да има криза во Украина што се појави во 2022 година“, рече лидерот на Кремљ.
Слични новости
Пред изборите расте поддршката за социјалдемократите на Олаф Шолц
Неколку седмиици пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во Германија, владејачките социјалдемократи на канцеларот Олаф Шолц забележуваат пораст на нивната популарност во анкетите
Украина подготвена за разговори за крај на војната, но со вклученост на САД и Европа
Зеленски, кој долго време бараше сите руски војници да ја напуштат територијата Украина како предуслов, последните седмици зборуваше за потребата од разговори за да се доведе конфликтот до „праведен“ крај
Предлогот на Трамп за преземање на Газа предизвикува голема загриженост на Блискиот исток
Планот на американскиот претседател Доналд Трамп неговата земја да ја преземе воено разурнатата Газа, да ја развие економски и да ја претвори во „блискоисточна ривиера“ по преселувањето на Палестинците во други земји, допира до едно од најчувствителните прашања во арапско-израелскиот конфликт