Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ поднесе неотповиклива оставка од оваа функција, објави на својот официјален Фејсбук профил.
„Со ова сакам да поднесам оставка од функцијата министер за безбедност во Советот на министри на БиХ од морални причини, поради сите минати настани, кои ќе бидат објавени утре и доставени до сите овластени институции преку моите адвокати“, изјави Нешиќ.
Тој додаде дека повеќе детали ќе бидат познати утре.
„Деталите и причините за мојата оставка ќе бидат објавени утре, откако ќе биде официјално поднесена“, додаде тој.
Нешиќ беше уапсен во декември поради корупција. Покрај Нешиќ, уапсени се и Милан Дакиќ, директор на јавното претпријатие „Путеви РС“, Младен Лучиќ, брат на поранешниот министер во Советот на министри на БиХ, Милош Лучиќ, и уште четири лица.
Тие се сомничат за сторени кривични дела на раководни позиции во „Путеви РС“ и неименувана фирма: здружување за извршување кривични дела, перење пари, злоупотреба на службената положба или овластување и примање поткуп.
Слични новости
Вучевиќ: Мојата оставка е „неповратен процес“
Српскиот премиер во оставка Милош Вучевиќ изјави во средата дека е прашање на денови кога неговата оставка ќе биде констатирана во Скупштината и истакна дека тоа е „неповратен процес“
Хрватска : Граѓаните повикани да се изјаснат кои од трите трговски синџири сакаат да ги бојкотираат
Организаторот на бојкотот на трговските ланци во Хрватска „Ало инспекторе“ објави анкета со повик до граѓаните да се изјаснат кои три трговски синџири ќе бидат цел на новиот седумдневен бојкот.
Протести и блокади во Црна Гора, најголеми во Подгорица
Во повеќе градови во Црна Гора во вторникот вечерта се одржаа блокади, меѓу кои и на еден од најфреквентните кружни текови во Подгорица, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).