Реал Мадрид стапил во контакт со играчот од средниот ред на Баерн Минхен, 29-годишниот Џошуа Кимих, чиј договор со баварскиот клуб истекува на 30 јуни оваа година, објавија во петокот британските медиуми.
Островските медиуми се повикуваат на новинарот на германски Bild, Кристијан Фалк, одличен познавач на фудбалските случувања во Бундеслигата. Оваа информација тој ја објави на една социјална мрежа, истакнувајќи дека Кимих сигурно ќе даде шанса на раководството на Баерн да го убеди да остане во клубот, но дека Реал веројатно ќе биде првиот негов избор во случај да го напушти Баерн.
Иако 39-годишниот Лука Модриќ сѐ уште е доминантна фигура во централниот дел од теренот, во Реал Мадрид се свесни дека се ближи денот кога ќе треба да најде замена за него, а Кимих е идеалниот кандидат за таа улога.
Без разлика кого Реал Мадрид ќе донесе како засилување, ниту еден европски клуб во моментов не може да се натпреварува подеднакво со супермодерниот фудбал што го претстави Ливерпул под водство на холандскиот тренер Арне Слот.
Кимих пристигна во Баерн во јули 2015 година од Штутгарт. Започна како офанзивен десен бек во клубот од Минхен, а подоцна се пресели на позицијата коректор на средниот ред. Одигра одлични партии на двете позиции.
Во февруари ќе го прослави својот 30-ти роденден, а последното продолжување на договорот со Баерн беше во август 2021 година. Во најбогатиот германски клуб годишно заработува близу 20 милиони евра.
Слични новости
Преглед НБА: Лејкерс и без Дончиќ пресилни за Клиперс, Бостон го доби дербито на Истокот
Лос Анџелес Лејкерс со третата последователна победа ја завршија серијата од шест гостувања, победувајќи ги градските ривали ЛА Клиперс
Лука Дончиќ се појави на клупата во Лејкерси
Словенечкиот кошаркар утрово за прв пат се појави на клупата на Лејкрес до Леброн Џејмс. Претходно Дончиќ рече дека доаѓа во Лејкерс за да ја освои НБА титулата.
Холандскиот фудбалер Тајлер Маласија замина во ПСВ Ајндовен од Манчестер Јунајтед
Досегашниот фудбалер на Манчестер јунајтед Тајлер Маласија до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во ПСВ Анјдховен, соопшти холандскиот клуб. На крајот од сезоната ПСВ ќе има право да го откупи договорт на холандскиот фудбалер.