„Главниот багер за ископ на јаглен во Рудникот ПЈС Суводол, КУ 300, е надвор од функција заради дефект на моторот, Главниот транспортен систем не работи заради хаварија во која се исцепило парче трака во должина од 4 километри. Нема маст за машините, нема масло за камионите и булдожерите, нема резервни делови…РЕК Битола е пред тотален колапс“, тврди СДСМ.
Сппоред објавата од петокот на опозициката партија, ископот на јаглен во РЕК Битола е на историски минимум, за одржување на минималното производство, „потрошувачката на мазут е триплирана“, за што се трошат „баснословни суми“ пари.
„Наместо решенија за хаосот што сами го создадоа, раководствата на комбинатот и на АД ЕСМ, прават козметички промени во менаџерскиот тим. Разрешен е директорот на Рудници на РЕК Битола, Златко Шиниковски после само пет месеци откако беше назначен на функцијата. Променети се и неколку раководители на сектори во Рудници, што само потврдува дека неспособни кадри го водат комбинатот од кој зависи цела држава. Овој некадарен тим кој го раководи РЕК Битола во меѓувреме си донел одлука за плаќање на прекувремената работа и за нив, а не како што беше досега само за работниците. Така, сега платите на директорите, раководителите и советниците ќе достигнуваат над 2.000 евра. Додека РЕК е во хаос. Срамно е ова што му се случува на РЕК Битола за да се задоволат интересите на ВМРО–ДПМНЕ“, вела од СДСМ.
Слични новости
Уставен суд: Нема дискриминација во одлуката за разрешување на директор на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу
Уставниот суд утврди дека нема дискриминација во одлуката за разрешување на директор на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу од 28 јуни 2024 година.
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница појасни дека компаниите сега ќе можат во рок од пет години, доколку сметаат дека им биле повредени правата, да бараат да им бидат вратени парите
Поранешниот директор на СОЗР осомничен за проневера на над пет милиони денари
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Пеце Мирчевски, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата , за примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера и несовесно работење во службата