Американскиот милијардер Илон Маск изрази сомнеж во изводливоста на амбициозниот инфраструктурен проект за изградба на центар за податоци на компанијата Опен АИ во САД наречен Старгејт, бидејќи смета дека финансисерите нема да успеат да ги обезбедат најавените 500 милијарди долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во вторникот дека инвеститорите може да обезбедат доволно пари за проектот, но Маск на својата социјална мрежа Х напиша дека нема пари и дека најавените инвестироти имаат слаби покритија. Маск исто така го навреди извршниот директор на Опен АИ и напиша дека „Сем Алтман е измамник“.

Маск ќе го предводи одделението на американската влада за ефикасност, која ќе препорачува длабоки резови и укинување на финансиите за разни американски федерални агенции.

Слични новости

И Битлси и Стоунси добитници на Греми

И Битлси и Стоунси добитници на Греми

Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес