Во писмо до Обединетите нации, во кое увид имала агенцијата Reuters во вторникот, Панама предупредува на инаугуративниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп во кој тој вети дека САД ќе ја вратат контролата врз Панамскиот канал.

Амбасадорот на Панама во ОН, Елој Алфаро де Алба истакнува дека, според основачката Повелба на ОН, земјите „ќе се воздржат во нивните меѓународни односи од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичка независност на која било држава“.

Писмото е адресирано до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и проследено до 15-члениот Совет за безбедност. Панама е членка на Советот, одговорна за одржување на меѓународниот мир и безбедност, во 2025 и 2026 година.

Трамп пред неговата инаугурација веќе рече дека повторно ќе воспостави американска контрола врз каналот, а во понеделникот ги засили тие закани, обвинувајќи ја Панама за прекршување на ветувањата што ги даде за конечниот трансфер на стратешкиот воден пат во 1999 година, како и за препуѓтање на своите операции на Кина. Панамската влада категорично ги негираше овие тврдења.

„Не ѝ го дадовме на Кина. Ѝ го дадовме на Панама и ќе го вратиме назад“, рече Трамп само неколку минути откако положи заклетва за вториот четиригодишен мандат.

Алфаро де Алба го дели ставот на панамскиот претседател Хозе Раул Мулино, кој ги отфрли изјавите на Трамп.

„Дијалогот е секогаш начин да се разјаснат споменатите точки без да се наруши нашето право, целосниот суверенитет и сопственоста на нашиот канал“, рече Мулино.

Соединетите држави го изградија поголемиот дел од Панамскиот канал и со децении управуваа со територијата што го опкружува преминот. Подоцна САД и Панама потпишаа неколку договори во 1977 година кои го отворија патот за каналот да се врати под целосна панамска контрола. Соединетите држави ѝ го предадоа на Панама во 1999 година по периодот на заедничка администрација.

globe

Слични новости

Дваесет и две демократски држави тужат поради одлуката на Трамп за државјанство

Дваесет и две демократски држави тужат поради одлуката на Трамп за државјанство

Американските држави и групите за граѓански права, предводени од демократите, поднесоа низа тужби во вторникот, оспорувајќи го обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине државјанството по право на раѓање

Трамп: Санкции за Путин ако одбие да преговара за ставање крај на војната во Украина

Трамп: Санкции за Путин ако одбие да преговара за ставање крај на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека најверојатно ќе воведе санкции против Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да преговара за крај на војната во Украина

Трамп се заканува дека ќе воведе царини за Европската унија

Трамп се заканува дека ќе воведе царини за Европската унија

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за Европската унија и рече дека неговата администрација разговара за казнена царина од 10 отсто за кинескиот увоз, бидејќи супстанцијата фентанил се испорачува од Кина во САД преку Мексико и Канада