Српскиот центар Никола Јокиќ кој годинава ја предводи НБА со 17 трипл-дабл постигнувања, на гостувањето на Денвер во Орландо повторно постигна трипл-дабл за само три четвртини. Јокиќ постигна 20 коша, 14 скокови и 10 асистенции во првите три четвртини од натпреварот.
На крајот од третата четвртина Денвер стигна до предност од 16 коша, па тренерот Мајк Мелоун немаше потреба да го враќа во игра својот најдобар играч во последната четвртина од натпреварот.
Натпреарот заврши 113:100, а во екипата на Денвер 20 поени постигна и Кристијан Браун, додека Џамал Мари уфрли 19. Кај Орландо најефикасен беше Вендел Кларк со 16 поени.
Денвер е четврти на западот со 26 победи и 16 порази.
Слични новости
Австралија Опен: Киз и Швјонтек се соочуваат во полуфиналето
Познати се сите полуфиналистки на Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка, која би можела да стане првата тенисерка со три последователни титули во Мелбурн по Мартина Хингис, и на Шпанката Паула Бадоси во средата им се придружија Американката Медисон Киз и Полјачката Ига Швјонтек
НБА: Доминација на Денвер над Филаделфија со четврти „трипл-дабл“ во низа на Јокиќ
Денвер Нагетс синоќа на домашен терен ја совладаа Филаделфија 76ерс со 144:109, а Никола Јокиќ го забележа четвртиот последователен „трипл-дабл“ со 27 поени, 13 скока и 10 асистенции
Преглед Лига на шампионите: Ливерпул единствен со сите победи
Фудбалерите на Ливерпул го задржаа стопроцентниот учинок оваа сезона од Лигата на шампионите и по седмото коло во кое на домашен терен го совладаа Лил со 2:1 (1:0)