Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел доживуваат „сензационална“ продажба, соопшти нејзиниот издавач во саботата, два месеца по објавувањето на книгата.

„Сè уште продаваме околу 12.000 примероци седмично, што е сензационално“, вели Керстин Глеба од издавачката куќа „Kiepenheuer & Witsch“.

Во автобиографијата насловена „Слобода: Мемоари 1954 – 2021 година“, првата германска канцеларка во историјата на земјата на 736 страници ги изложи своите размислувања за животот и нејзините 16 години на функција.

Изданието со тврд повез, кое е преведено на англиски и на други јазици, чини високо 42 евра. Околу една третина од читателите се под 40 години, објави издавачот, а многу млади присуствуваат и на организираните потпишувања на примероците.

„Беше многу важно за нас и за авторот да допреме до младата публика. Мислам дека книгата може да им понуди нешто и на луѓето кои не се толку запознаени со политичката сцена, поради посебната животна приказна на Ангела Меркел“, додаде Глеба.

Рече и дека 600.000 примероци од книгата биле продадени во Германија до католички Божик, додека 40.000 биле продадени во Велика Британија во првите неколку седмици од продажбата и уште 25.000 во САД.

globe

Слични новости

И Битлси и Стоунси добитници на Греми

И Битлси и Стоунси добитници на Греми

Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес