Во рамки на работната посета на Украина, министерот Орхан Муртезани оствари неколку средби на кои ја потврди поддршката на Македонија за евроинтегративниот процес на Украина. Министерот Орхан Муртезани, како што соопшти Министерството за европски прашања, во Киев ја истакнал и целосната усогласеност на Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија, која претставува основа за стратешката ориентација на земјата во однос на глобалните безбедносни предизвици.
Муртезани, исто така, појаснил дека со цел да ја зајакне својата улога како одговорен и конструктивен партнер на меѓународната сцена, Македонија, во контекст на својата посветеност на процесот на европска интеграција, ќе продолжи активно да ги поддржува напорите на Европската унија и НАТО членките за мирно решавање на конфликтот во Украина, промовирање на стабилност и активно учествувајќи во глобалните иницијативи за унапредување на безбедноста во регионот.
Во контекст на актуелниот геополитички развој и новите предизвици што произлегуваат од руската воена инвазија во Украина, Министерот Муртезани на средбата укажа дека Македонија како членка на НАТО, ќе ја усогласува својата позиција со стратегиите и одлуките што ќе бидат донесени од Алијансата.
„Ние ја осудуваме руската агресија и ја даваме целосната поддршка на украинските челници во нивните напори за постигнување мир и стабилност во регионот заедно со нашите заеднички стратешки партнери. Во тесна соработка со нашите сојузници од НАТО, ќе продолжиме да се залагаме за изнаоѓање на трајно решение што ќе донесе крај на војната и ќе обезбеди долгорочен мир. Република Северна Македонија останува посветена на процесите што ќе водат кон стабилност, поддржувајќи го украинскиот народ во нивната борба за слобода и сигурност“, порача Муртезани.
Слични новости
Уставниот суд ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Законот за данок за солидарност. Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон беше поведена на 20 ноември минатата година
Втор ден од посетата на Муртезани на Брисел, меѓу другите и средба со Кос
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ја продолжува дводневната работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос
Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина
На форумот ќе се разговара за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор, со акцент на регионалната соработка, енергетските интерконекции и транзицијата кон чиста енергија, соопштија организаторите на Самитот