Средбата меѓу претставници на Владата и на Синдикатот на УПОЗ ќе се реализира откако премиерот Христијан Мицкоски ќе се врати од официјалната посета на САД, велат од владината служба за односи со јавноста.
„Премиерот Христијан Мицкоски веднаш по враќањето од официјалната посета на САД ќе ги прими претставниците на синдикатот и ќе се дискутира за изнаоѓање на решение кое ќе биде од полза на работниците и исполнување на нивните права, се вели во одговорот што МИА го побара од Владата.
Оттаму велат дека стремежот на Владата е да се изнајде решение кое ќе биде во насока на подигнување на стандардот на работниците во согласност со буџетските можности.
„Добро е што лидерите на УПОЗ прифаќаат дијалог наместо рестриктивни и избрзани мерки како протест без да бидат исцрпени можностите за дијалог и изнаоѓање на конечни решенија“, велат од Владата.
Вработени во дел од министерствата, Државниот завод за статистика и Државниот архив веќе четири дена одржуваат получасовен предупредувачки протест барајќи додатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективни договори.
Денеска од протестот што се одржа пред Министерството за финансии, преставниците на Синдикатот на УПОЗ информираа дека доставиле барање за средба со Владата, а доколку не се постигне договор не се исклучуваат порадикални чекори.
Слични новости
Уставниот суд ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Законот за данок за солидарност. Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон беше поведена на 20 ноември минатата година
Втор ден од посетата на Муртезани на Брисел, меѓу другите и средба со Кос
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ја продолжува дводневната работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос
Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина
На форумот ќе се разговара за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор, со акцент на регионалната соработка, енергетските интерконекции и транзицијата кон чиста енергија, соопштија организаторите на Самитот