Се чини дека преговарачите во Катар се блиску до постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во средата по 15 месеци борби, десетиците илјади убиени и целосното разорување на палестинската енклава.

Хамас усно го одобри прекинот на огнот и предлогот за враќање на заложниците за кои се преговара во Катар и чека повеќе информации пред да даде конечно одобрување во писмена форма, изјавил палестински претставник за Reuters кој барал да остане анонимен. Друг неименуван функционер на Хамас рекол дека групата сѐ уште не одговорила писмено на предлогот.

Претходно израелски претставник изјави дека Хамас се согласил со предлогот на катарските преговарачи. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху набргу потоа објави дека Хамас сѐ уште не одговорил.

Официјални лица кои посредуваат во процесот, вклучително и претставници од Катар, Египет, САД, Израел и Хамас, во вторникот изјавија дека договорот за прекин на огнот во разорената енклава е поблиску од кога и да е досега, како и ослободувањето на заложниците кои се држат таму и ослободувањето на Палестинците затвореници кои се во затворите во Израел.

Палестински функционер близок до преговорите во средата изјави дека „се надева дека договорот може да биде потпишан вечерва или најдоцна утре“.

Доколку биде успешен, планираниот фазен прекин на огнот може да резултира со крај на борбите кои ја оставија Газа во урнатини, повеќепати раселенуван најголемиот дел од предвоеното население на енклавата од 2,4 милиони и загинати десетици илјади луѓе. Бројот на загинати и натаму секојдневно расте.

globe

Слични новости

Украина подготвена за разговори за крај на војната, но со вклученост на САД и Европа

Украина подготвена за разговори за крај на војната, но со вклученост на САД и Европа

Зеленски, кој долго време бараше сите руски војници да ја напуштат територијата Украина како предуслов, последните седмици зборуваше за потребата од разговори за да се доведе конфликтот до „праведен“ крај

Предлогот на Трамп за преземање на Газа предизвикува голема загриженост на Блискиот исток

Предлогот на Трамп за преземање на Газа предизвикува голема загриженост на Блискиот исток

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп неговата земја да ја преземе воено разурнатата Газа, да ја развие економски и да ја претвори во „блискоисточна ривиера“ по преселувањето на Палестинците во други земји, допира до едно од најчувствителните прашања во арапско-израелскиот конфликт