Американската банкарска групација „Wells Fargo“ извести во средата за раст на добивките во четвртиот квартал од 2024 година, поттикнат од инвестициското банкарство.
Нето каматниот приход на четвртиот најголем американски заемодавател, што ја претставува разликата помеѓу расходите за камати кои банките ги плаќаат на штедачите и каматите што ги добиваат, се зголеми на 5,08 милијарди долари, или 1,43 долари по акција, објави банката денеска, во споредба со 3,45 милијарди долари или 86 центи по акција, на годишно ниво (2023).
Во меѓувреме, приходите на „JPMorgan Chase“, исто така, пораснале откако трговците и банкарите на групацијата пријавија неочекувани добивки од закрепнувањето на пазарот во четвртиот квартал. Добивката беше 14 милијарди долари или 4,81 долари по акција за кварталот што заврши на 31 декември, соопшти денеска најголемата американска банка, во споредба со 9,3 милијарди долари или 3,04 долари по акција една година порано.
Добивката беше поддржана од силната економија и намалувањето на каматните стапки што ја поттикна продажбата на акции и понудите на обврзници.
Напредното опкружување, исто така, предизвика повеќе спојувања и превземања по години слаба активност.
Приходите од инвестициското банкарство на JPMorgan Chase се зголемија за 46 отсто на 2,6 милијарди долари.
Слични новости
Нафтата стабилна на 76 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари на 76 долари, додека инвеститорите се обидуваат да проценат дали новите американско-кинески царини ќе го означат почетокот на трговската војна
Саудиска Арабија излегува од рамките на нафтениот сектор, според истражување
Деловната активност во Саудиска Арабија порасна во јануари со најсилното темпо во нешто повеќе од една деценија, со исклучок на производството на нафта, покажа истражувањето на S&P Global во вторникот
Европските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат
На европските берзи во вторник претпладнето се тргува претпазливо, при што индексите стагнираат, додека инвеститорите ја следат ситуацијата откако Вашингтон ја одложи примената на царините за увоз од Канада и Мексико, но не и од Кина