Иако кондиторскиот производ познат како „Дубаи чоколадо“ стана исклучително популарно и барано во Германија, судот во Келн одлучи дека само производите што всушност се произведуваат во Дубаи можат да се рекламираат под тоа име.
Производите „Alyan Dubai Handmade Chocolate“, кои се продаваат во синџирот на попусти „Aldi Sud“, станаа вистински хит откако се појавија во продажба во декември. Десертот, кој стана познат во светот како „Дубаи чоколадо“ благодарение на TikTok, е комбинација од кремаст ф’стаци, крцкав кадаиф (тенки тестенини направени од брашно и вода) и чоколадо.
Но, окружниот суд во Келн издаде привремена забрана против синџирот супермаркети „Aldi Sud“ да го продава производот, тврдејќи дека името е измамнички, бидејќи слатката всушност била произведена во Турција, а „Aldi Sud“ мора да престане да продава „Дубаи чоколадо“.
Производот може да биде означен како „Дубаи чоколадо“ во Германија само ако е произведен во Дубаи или има географска врска со Дубаи.
Тужбата пред судот ја поднесе увозникот на кондиторски производи Андреас Вилмерс, кој продава производи од брендот „Fex“ од Дубаи во Германија. Во декември, Вилмерс ги пријави маркетот „Lidl“ и производителот на чоколади „Lindt“ поради истата причина.
Одлуката на судот сè уште не е правно обврзувачка и судот Алди има право на жалба.
Слични новости
Уапсен синот на Мајкл Џордан Маркус, поради поседување кокаин
Маркус Џордан не сакал да излезе од автомобилот и постојано ги пцуел полицајците, но потоа признал дека бил во ноќен клуб и дека конзумирал алкохол. Кај него бил откриен и кокаин.
Гугл ќе ја користи вештачката интелигенција за правење оружје
Американската компанија Гугл веќе нема да ја исклучува можноста од користење на вештачката интелигенција (АИ) за развој на оружје и надзорни системи, соопшти нејзината матична компанија Алфабет.
Кање Вест во одбрана на неговата сопруга Бјанка Сенсори која на Греми наградите се појави речиси гола
Извори блиски до брачниот пар велат дека идејата на ова позирање била во функција на промоција на каверот на новиот албум на Вест „Vultures 1“.