Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во интервјуто за Алсат ТВ ги презентираше клучните реформи во јавната администрација, нагласувајќи ја потребата од повисоки стандарди и ефикасност.

„Кампањата под мотото ‘Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација’ е почеток на значајни реформи, пакет закони кои ќе ни овозможат дополни критериуми за нововработените во јавниот сектор и ќе обезбедат постојано следење на работните задачи на секој вработен“, рече Минчев.

 

Ја нагласи важноста на новите законски решенија кои ќе овозможат построги критериуми за нововработените, поголема конкуренција и континуирана евалуација на вработените во јавната администрација. Како пример, тој посочи на укинувањето на Инспекцискиот совет, што ќе резултира со значителни буџетски заштеди и рационализација на јавните ресурси.

„Укинуваме органи согласно европските стандарди, со што правиме значителни заштеди во буџетот. Ова е само почеток на долгорочен процес на рационализација“, истакна министерот.

Осврнувајќи се на укинувањето на Балансерот, министерот истакна дека сегашните огласи се базираат на критериуми за знаење и квалитет, а правичната застапеност ќе се обезбеди со ново законско решение кое ќе биде изготвено од експертска група и консултирано со Венецијанската комисија.

„Огласите сега се одвиваат врз база на квалитет и знаење, а новото законско решение ќе ја гарантира уставната категорија на правична застапеност. Наша обврска е да обезбедиме ефикасни и квалитетни услуги за сите граѓани, без разлика на етничката припадност“, посочи тој.

Заложбата на министерството за јавна администрација е овие реформи да донесат позитивни промени во јавната администрација и да ги постават основите за долгорочен успех и ефикасност во работењето на институциите.

globe

Слични новости

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница појасни дека компаниите сега ќе можат во рок од пет години, доколку сметаат дека им биле повредени правата, да бараат да им бидат вратени парите

Поранешниот директор на СОЗР осомничен за проневера на над пет милиони денари

Поранешниот директор на СОЗР осомничен за проневера на над пет милиони денари

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Пеце Мирчевски, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата , за примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера и несовесно работење во службата

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ за трансформација на Македонија

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ за трансформација на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на донаторска конференција од амбасадорите и од претставниците на донаторската заедница побара партнерства и заеднички проекти за реализација на целите од Националната развојна стратегија 2024-2044