За подобар живот на работникот во земјава не треба да се разговара за минималната плата, туку политичарите и синдикатите треба да се стремат кон плата за живот. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека пресметките покажуваат дека платата за живот треба да изнесува 96.000 денари.
„Платата за живот, е нешто што треба да дозволи нормална храна, односно да не гледаме што е најевтино и неквалитетно, туку да биде нормално. Зборуваме за храна, сметки, јавен превоз, купување на облека и обувки, меѓутоа да имаме и процент од платата што ќе оди за заштеда. На пример, кога ќе ти се расипе машината за алишта, да не трчаш по кредит во банка, туку да си земеш од заштедата“, изјави Ампева.

Посочи дека синдикатите во развиените земји, платата за живот ја пресметуваат според потребите и трошоците за основните животни потреби, односно во платата за живот се пресметуваат трошоците за храна, хигиена, здравство, култура, образование, комунални услуги и трошоците што едно четиричлено семејство ќе ги има за еднаш во годината си дозволи и еднонеделен одмор.
„Мислам дека ова не е само грижата на стопанствениците, туку и на самата власт, на самата држава. Односно ако по Устав сме социјална држава, самата држава треба да го гледа доходот и да види дали на пример Кристина, има плата за живот заедно со платата на сопругот. Тогаш државата треба да виде како може да ја пополни таа дупка и семејството да издржи“, рече Ампева.
Додаде дека работниците во реалниот сектор се уште се соочуваат со исплата на минимална плата, без додаток за смена, прекувремена работа, работа на празник или недела како неработен ден. Инаку за исплата на К-15 на работниците во реалниот сектор им остануваат уште само два дена.
Слични новости
Рускиот јавен долг остро пораснал во 2024.
Јавниот долг на Русија остро пораснал во 2024 година, со скок на трошоците за негово сервисирање, објави во аналитичка белешка руската Сметководствена комора
Цената на нафтата порасна кон 72 долари
Цените на нафтата пораснаа до 72 долари на меѓународните пазари во четвртокот, откако САД воведоа санкции за кинеските купувачи на иранска нафта
Внимателно тргување во Европа додека се чекаат одлуките на централните банки
На европските берзи се тргува претпазливо во четврток додека инвеститорите ги очекуваат одлуките на голем број европски централни банки за каматните стапки, при што цените на акциите во секторот недвижности и енергетика значително се зголемуваат, додека во туристичкиот сектор паѓаат