Во петокот вечерта било провалено во куќата на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, ѕвездата на Далас Маверикс, што е последен во низата упади во домовите на врвни спортисти, изјави неговата деловна менаџерка за спорстската мрежа ESPN.
„Во тој момент никој не беше дома, а за среќа Лука и неговото семејство се на сигурно“, изјави за ESPN деловната претставничка на Дончиќ, Лара Бет Зигер, додавајќи дека кошаркарот поднел пријава во полиција, која започнала истрага.
Во текстот не е наведено што е украдено од домот на Дончиќ, ниту колкава е материјалната штета.

Кражбата се надоврза на тешката седмица за Дончиќ, кој претрпе истегнување на левиот лист за време на божикниот пораз на Маверикс од Минесота Тимбервулфс. Се очекува повредата да го оддалечи од терените најмалку еден месец и да пропушти премногу натпревари за да може да биде во конкуренција за наградата МВП на крајот од регуларната сезона во НБА лигата.
Сѐ почести се кражбите во домовите на големите спортски ѕвезди на американска почва, па постои оправдан сомнеж дека зад тоа стои добро организирана криминална група.
Домовите на ѕвездите на НФЛ, Патрик Махомес и Тревис Келце од Канзас Сити Чифс беа ограбени во октомври. Домот на бекот на Синсинати Бенгалс, Џо Бароу, во Охајо беше провален додека тој играше на гостински натпревар против Далас Каубојс на 9-ти декември.
Во домот на кошаркарот на Милвоки Бакс, Боби Портис беше упаднато на 2-ри ноември, а во домот на бекот на Минесота Тимбервулвс, Мајк Конли, беше провалено на 15-ти септември, додека тој беше на натпревар со Минесота Викингс.
Портис понуди награда од 40.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на провалникот.
Водствата на НФЛ и НБА издадоа безбедносни предупредувања до играчите по претходните грабежи, барајќи од нив да преземат дополнителни мерки на претпазливост и да ги обезбедат своите домови.
Во белешките од лигата во кои претходно увид имаше агенцијата Associadet Press, НФЛ вели дека домовите на професионалните спортисти во повеќе спортови стануваат „сè повеќе цел на кражби од организирани и вешти групи“.
НБА откри дека Федералното биро за истраги (FBI) поврзал некои од кражбите со „транснационални јужноамерикански криминални групи“ кои се „добро организирани и користат софистицирани напредни технологии, вклучително и преднадзор, беспилотни летала и уреди за попречување на сигналот“.
Слични новости
Клиперси го победија водечкиот тим на истокот Кливленд
Најефикасен во тимот на Клиперс беше Каваи Ленард со 33 поени, а Ивица Зубац постигна 28 коша со 20 скокови. Богдан Богдановиќ постигна 20 поени со стопроцентен шут од игра 8 од 8.
Голден Стејт го победи Милвоки, Бостон подобар од Бруклин и покрај повредите во тимот
Екипата на Голден Стејт Вориорс утринава во Сан Франциско ги победи Милвоки Бакс со 104:93. Во победничкиот тим најдобар беше Џими батлер со 24 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Кошаркарот на Сакраменто Домантас Сабонис ќе отуствува најмалку 10 дена од терените поради повреда
Литванскиот кошаркар Домантас Сабонис кој игра за Сакраменто Кингс ќе отсуствува од терените најмалку 10 дена поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, соопшти клубот од НБА.