Сепак фактот дека Русија и Сирија не се потписнички на Римскиот статут, врз чии темели во 1998 е формиран Меѓународнио суд, претставува пречка режимот на Асад да се стави под надлежноста на тој суд, па во тој случај би морале да се користат други правни патишта за казнување на одговорните за злосторствата врз Сиријците.
Според извештаите што ги објавија организациите за човекови права и медиумите во последните неколку дена, пронајдени се масовни гробници надвор од сириската претолнина Дамаск со телата на речиси 100.000 Сиријци. Извешатите наведуваат дека режимот на поранешниот претседател Башар ал Асад, кој беше соборен од власт, е одговорен за нивно измачување и убивање.
Основниот чекор во процесуирање на одговорните за вакви злосторства е поднесување тужби пред судовите кои се надлежни за испитување на вакви повреди на човековите права, а потоа и на покренување истраги за злосторствата за кои се товарат.
Специјалната известителка на ОН за прашањата на измачување Алис Џил Едвардс изјави дека на сите им е познато дека режимот на Асад вршел тортура врз илјадници затвореници, како и дека методите вклучувале електрошокови и сексуални напади.
Таа рече дека имала состанок со претставниците на Меѓународниот кривичен суд за да се постигне правдата и да им се надомести штетата на жртвите и преживеаните.
Известителката ја повика меѓународната заедница и сите релевенатни актери кои се занимаваат со прашањата на злосторствата на режимот на Асад да формираат врховен суд кој ќе им суди на оние што биле вмешани во злосторствата или да ги испорача назад во Сирија.
Таа исто така напомена дека Русија, која во моментов му даде засолниште на Асад, откако му даде азил, според меѓународното право е должна да му суди на Башарал Асад или да им го врачи назад на новите власти во Сирија.
Директорот на сириската мрежа зачовекови права Фадел Абдулгани изјави дека во последните 14 години се документирани многубројни злосторства и низа наредби кои можеле да бидат извршени само со директна наредба на Асад, како што се бомбардирања, убивања и користење на барел-бомби и хемиско оружје против цивилите во Сирија. Фадел Абдулгани рече дека постојат огромен број на докази и илјадници документи на самиот режим. Тој рече дека Асад треба да биде осуден врз основа на докази и дека нема да прифатат да биде мачен или присилно да исчезне како што тој им направи на десетици илјади Сиријци.
Сепак фактот дека Русија и Сирија не се потписнички на Римскиот статут, врз чии темели во 1998 е формиран Меѓународниот суд, претставува пречка режимот на Асад да се стави под надлежноста на тој суд, па во тој случај би морале да се користат други правни патишта за казнување на одговорните за злосторствата врз Сиријците. Најсериозната и најефикасна опција е Советот за безбедност на ОН да го проследи случајот пред Меѓународнио кривичен суд.
Проблемот со ова решение е правото на вето кое може да го искористи Русија за да урне било каква резолуција која се однесува на казнување на Асад и на неговиот режим. Рускиот претседател Владимир Путин му даде азил на Башар ал Асад од „хуманитарни причини“, но од формален карактер, таа одлука има политички карактер.
Сепак и Русија и Сирија ги имаат потпишано конвенциите на ОН против мачење, па тоа може да биде еден од аргументи за Русија да го израчи Асад на Меѓународниот кривичен суд.
Ал Џезаира
Слични новости
Лекција за опстанокот на либерална Европа
Единствениот начин либерално настроените Европјани да го надминат својот песимизам е да се обидат да разберат како и зошто ги изневери претераниот оптимизам на крајот на Студената војна. Додека не разберат колку тој триумфализам „на крајот на историјата“ беше погрешен, ќе ги прогонува баукот на уништувањето.
Повторно големи протести во Србија
„Крвавите раце“ станаа симбол на протестите. Од недела во недела протестите се одвиваат во се поголем број на градови, со се поголем број на луѓе....
Европското производство на батерии за автомобили треба да се потпира на Кина
Финансискиот колапс на шведскиот „Northvolt“ не го уништи целосно европскиот сон за развој на сопствени батерии за електрични возила, но за да го исполни веројатно ќе треба да се потпре на кинески инвестиции и експертиза