На валутните пазари зголемена е вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути во раното претпладневно тргување во вторникот и се движи недалеку од највисокото ниво во последните две години.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 108,11 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 107,72 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 156,55 на 157,10 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0405 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 1,0445 долари.

Од почетокот на месецот доларот зајакна за повеќе од 2 отсто во однос на кошничката валути, бидејќи американската централна банка објави дека има намера да го забави темпото на намалување на каматните стапки.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,52 отсто, на 73,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,48 отсто, на 69,60 долари.

globe

Слични новости

Светска банка ја зголеми прогнозата за економски раст на Кина во 2024. на 4,9 отсто

Светска банка ја зголеми прогнозата за економски раст на Кина во 2024. на 4,9 отсто

Светската банка ја зголеми во четвртокот својата прогноза за економскиот раст на Кина на 4,9 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година, но предупреди дека пониската доверба на домаќинствата и бизнисите, заедно со тешкотиите во секторот на недвижности, ќе продолжат да претставуваат проблем за економијата

Mинимална плата 500 евра, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата, бараат од СКСЗМ

Mинимална плата 500 евра, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата, бараат од СКСЗМ

Минималната плата да биде 500 евра, придонесите да се намалат од 47,7 на 32 отсто, а дел од администрацијата да се прераспредели во приватниот сектор, бара Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ)

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со пред пандемијата

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со пред пандемијата

. Идната монетарна политика ќе зависи од инфлацијата и од девизниот пазар. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија.