Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш повика на усвојување на нов устав, јавуваат турските медиуми. Тој ги повика особено опозициските партии да го поддржат предлогот на неговата Партија на правдата и развојот (AKP) за нов устав.
„Иако опозицијата не ги слуша нашите искрени повици, ни треба демократски, инклузивен и либерален устав направен од граѓаните“, рече Ердоган викендот.
Ги отфрли обвинувањата дека иницијативата е диктирана од политички мотиви.
„Новиот устав не е луксуз за Турција, туку неопходност што е одамна задоцнета“, рече Ердоган“, цитиран од Hürriyet .
Ердоган и AKP долго време го критикуваа постоечкиот устав, главно поради тоа што беше изготвен по воениот удар во 1980 година.
Патот до усвојување на новиот устав е комплициран, бидејќи АКП го нема потребното парламентарно мнозинство за да го протурка предлогот. За да се организира референдум по ова прашање потребна е поддршка од повеќе од 30 пратеници од опозицијата. Претседателот на парламентот Нуман Куртулмуш од почетокот на мај разговара со претставници на опозицијата за новиот предлог за устав
Слични новости
Нови мерки на Кипар за привлекување странски професионалци и студенти
Министерот за труд, Јанис Панајоту, потпиша уредби кои олеснуваат вработување на висококвалификувани работници од надвор од ЕУ и овозможуваат странски студенти да работат со скратено работно време
Косовските пензионери и децата ќе добијат по 100 евра еднократна помош
Косовската влада обезбеди по 100 евра еднократна дополнителна помош за пензионерите и за децата на возраст до 16 години, јавија косовски медиуми.
Во Загреб марш за зголемување на безбедноста во училиштата
Во центарот на Загреб денеска ќе се одржи марш со цел да се зголеми безбедноста во училиштата, по нападот на 20 декември кога загина едно дете, а наставничката и неколку други деца беа тешко повредени