Војската на Јужна Кореја во понеделникот соопшти дека „открила знаци“ дека Северна Кореја се подготвува да испрати повеќе војници и оружје, вклучително и самоубиствени дронови, во Русија за да ја поддржи нејзината војна против Украина.
„Северна Кореја веќе има обезбедено повеќе ракетни фрлачи од 240 мм и самоодни хаубици од 170 мм, и се гледа како се подготвува да произведе повеќе беспилотни самоубиствени беспилотни летала за испорака во Русија, откако лидерот Ким Џонг-ун ги надгледувал тестирањаа минатиот месец“, според Здружениот генералштаб на Јужна Кореја (JCS).
„Самоубиствените беспилотни летала се една од задачите на кои се фокусираше Ким Џонг-ун“, рече функционер на JCS, додавајќи дека Северот наводно ја изразил својата намера да ги достави до Русија.
Ваквите беспилотни летала беа широко користени во војната во Украина, а Ким нареди масовно производство на оружје и ажурирање на воената теорија и обука, повикувајќи се на интензивирање на глобалната конкуренција, објавија државните медиуми.
Сеул, Вашингтон и Киев тврдат, но досега не понудија ниеден доказ, дека во Русија наводно има околу 12.000 севернокорејски војници. JCS соопшти дека најмалку 1.100 од нив наводно биле убиени или ранети, според минатонеделниот брифинг на јужнокорејската разузнавачка агенција, која извести за околу 100 загинати војници и уште 1.000 ранети во руската област Курск.
„Пјонгјанг ги зајакнува врските со Москва, што може да значи поголема закана за Сеул, додека ги модернизира своите конвенционални сили, кои се сметаат за инфериорни во однос на јужнокорејските, и стекнува борбено искуство“, рекол соговорнокот JCS пренесува Reuters.
„По должината на силно утврдената меѓукорејска граница, Северот испрати до 10.000 војници за да ја претвори областа во пустелија и да подигне бариери и бодликава жица во последните седмици, иако бројот се намали на неколку стотици во текот на викендот“, соопшти JCS.
JCS објави фотографии за кои тврди дека покажуваат група севернокорејски војници кои тестираат електрична жичана ограда користејќи коза.
„Исто така, постои можност Северот да тестира хиперсонична ракета со среден дострел на крајот на годината пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, а истовремено да испрати повеќе балони за ѓубре на југ“, се додава во објавата на јужнокорејската армија.
Северна Кореја лансираше илјадници балони со кеси со ѓубре прикачени на нив од крајот на мај, велејќи дека тоа е одговор на балоните со пропагандни летоци коишто на нејзина територија се испраќаат од Јужна Кореја.
„Со поддршка на Русија, тие веројатно ќе се обидат да организираат различни стратешки провокации следната година, како што се лансирање интерконтинентални балистички ракети и спроведување нуклеарен тест, за да ја зајакнат својата преговарачка моќ со САД“, рекол неименуваниот јужнокорејски воен функционер.
Слични новости
За Кремљ понатамошната продажба на гас во Европа ќе биде „сложена“
Гасоводот низ Украина сочинува околу половина од вкупниот моментален извоз на руски гас во Европа. Словачка, Италија, Австрија и Чешка би биле најпогодени од раскинувањето на договорот за транзит
Повторно големи протести во Србија
„Крвавите раце“ станаа симбол на протестите. Од недела во недела протестите се одвиваат во се поголем број на градови, со се поголем број на луѓе....
Само 12 камиони со храна и вода се испорачани во северниот дел на Газа од октомври
Само 12 камиони дистрибуираа храна и вода во северниот дел на Газа за два ипол месеци, соопшти во неделата хуманитарната организација Oxfam со седиште во Лондон, алармирајќи поради влошувањето на хуманитарната ситуација во опколената област