Фудбалерите на Борусија Дортмунд во последниот натпревар од 15. коло на германската Бундеслига славеа против Волфсбург со убедливи 3:1.
Борусија Дортмунд ги разреши сите дилеми околку победникот меѓу 25. и 30. минута кога постигна три гола. Тогаш уследни дортмунскиот налет во Волфсбург, а стрелци беа Мален, Бејер и Брант. Домашните намалија во 58. минута со голот на Вавра, а само четири минути подоцна гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Грос.
Сепак, до крајот Волфсбург не успеа да постигне гол или да го искомплицира овој натпревар. Така Волфсбург остана на 11. место, додека Борусија Дортминд се искачи на шестата позиција.
Фудбалерите на Бохум во 15. коло ја остварија првата првемствана победа сезонава, откако во неделата пред своите гледачи го совлада Хајденхајм со 2:0. Двата гола Бохум ги постигна во првото полувреме. Стрелци беа Брошински во шестата минута и Беро во 38. минута. Во победничкиот тим од 79. минута играше хрватскиот фудбалер Јаков Медиќ.
И покрај победата, Бохум сѐ уште е последен на табелата. Сега има шест бода, додека пред него се Холштајн Кил со осум и Хајденхајм кој собра десет бода.
Слични новости
Реал убедлив со Севиља, Леганес заврши со девет играчи
Немаше победник во последниот натпревар од 18. коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Бетис и Рајо Ваљекано одиграа 1:1 во Севиља
Аталанта ја забележа 11. победа во низа, Рома убедлива а Јуве извлече три бода кај Монца
Во последниот натпревар од неделната програма од 17. коло на италијанскиот фудбалски шампионат, Јувентус ја совлада Монца како гостин со 2:1 (2:1)
Премиер лига: Ливерпул супериорен против Тотенхем, Челзи ремизираше, уште едно понижување за Јунајтед
Ливерпул ја зголеми предноста на врвот на табелата во англиската Премиер лига на четири бода пред второпласираниот Челзи, благодарение на победата со 6:3 (3:1) на гости против Тотенхем Хотспур во голеадата во северен Лондон во последниот натпревар од 17. коло