Папата Франциск во неделата повторно ја осуди „суровоста“ на израелските воздушни напади врз Газа, откако веќе го стори тоа во саботата и беше критикуван од израелските власти за „двојни стандарди“.

„Мислам на Газа со болка, на толкавата суровост, на изрешетаните деца, на бомбардирањето училишта и болници. Толку многу суровост“, рече Френциск за време на неделниот Ангелус.

Папата ден претходно рече дека е погоден од смртта на седум деца од исто семејство во Газа, за што во петокот извести палестинската цивилна заштита.

 

„Вчера (петок) беа бомбардирани деца. Тоа е суровост, тоа не е војна. Морам да го кажам ова бидејќи ме погодува во срцето“, рече папата пред претставници на властите на Ватикан и предизвика реакција од Израел.

„Изјавите на папата се особено разочарувачки бидејќи се исклучени од реалноста и фактите за борбата на Израел против џихадистичкиот тероризам“, рече израелскиот министер за надворешни работи во саботата навечер.

„Критиката треба да биде насочена кон терористите, а не кон демократијата која се бори против нив. Мора да се запрат двојните стандарди и стигматизацијата на хебрејската нација и нејзиниот народ“, продолжи тој.

„Сурови се терористите кои се кријат зад децата додека се обидуваат да убијат израелски деца“, тврди Гидеон Саар, додавајќи дека 442 дена држеле како заложници сто луѓе, меѓу кои и „бебиња и деца“.

Водачот на 1,4 милијарди католици обично е внимателен да зазема страна во конфликтите, но неодамна тој стана погласен во критиките за воената кампања на Израел против палестинската милитантна група Хамас.

Во извадоци од книгата објавена минатиот месец, Франциск вели дека некои меѓународни експерти тврдат дека „она што се случува во Газа има карактеристики на геноцид“.

Израелскиот министер за дијаспора Амихаи Чикли претходно силно ги критикуваше тврдењата во невообичаено отворено писмо објавено од италијанскиот дневен весник Il Foglio во петокот. Чикли смета дека тврдењата на папата го банализирале поимот геноцид.

Папата во петокот рече и дека католичкиот бискуп од Ерусалим, познат како патријарх, се обидел во петокот да влезе во Појасот Газа за да ги посети тамошните католици, но бил спречен во тоа.

globe

Слични новости

Трамп e за задржување на TikTok на американскиот пазар „на некое време“

Трамп e за задржување на TikTok на американскиот пазар „на некое време“

Новоизбраниот претседател на Соединетите држави, Доналд Трамп, во неделата изјави дека се залага TikTok да продолжи да работи во земјата барем некое време, тврдејќи дека добил милијарди прегледи на оваа социјална платформа за време на претседателската кампања