Италијанската премиерка Џорџа Мелони во неделата изјави дека е задоволна од актуелниот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси, откако судот го ослободи вицепремиерот Матео Салвини, кој претходно ја извршуваше таа функцијата.

Во петокот, италијанскиот суд го ослободи Салвини од обвиненијата од 2019 година за наводно „киднапирање“ на повеќе од сто мигранти на брод што тој го блокираше да стигне до пристаништа Италија како министер за внатрешни работи во тоа време, оставајќи го бродот на море речиси три седмици

„И Матео Салвини и јас сме задоволни од работата на актуелниот министер за внатрешни работи“, одговори Мелони по состанокот на Европската унија на тема безбедност што се одржува во Финска, на прашањето дали одлуката на судот значи дека Салвини ќе се врати на претходната функција.

Салвини, лидер на антиимигрантската партија Лига, сега е министер за транспорт во владата на Мелони.

Италијанската премиерка се осврна на прашањето за илегалната миграција во Финска, велејќи дека тоа е безбедносна закана за Европската унија, нагласувајќи дека блокот мора да ги заштити своите граници од „опасноста што ја претставуваат Русија и криминалните организации“.

„Соочувањето со прашањето за илегалната имиграција само врз основа на дискусија за солидарност беше грешка според мене. Резултатот е што не успеавме да ги заштитиме нашите граници. Сакаме да ги заштитиме нашите надворешни граници и нема да дозволиме Русија и криминалните организации да ја поткопаат нашата безбедност“, рече Мелони.

globe

Слични новости