За време на тренинг лет, турски хеликоптер за брза помош се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во провинцијата Мугла, на југозападниот дел на земјата, и падна од покривот во болничкиот парк, при што загинаа четири лица, објавија денеска турските медиуми.

 

На местото на несреќата излегоа бројни противпожарни, здравствени, полициски екипи и екипи на турската служба за итни случаи (AFAD).

Гувернерот на провинцијата Мугла, Идрис Акбик, излегол на местото на несреќата и за турските медиуми потврдил дека животот го загубиле двајца пилоти, еден лекар и еден член на персоналот на брзата помош.

Тој изјави дека во целиот регион има густа магла и потврди дека „нема никакви проблеми во болницата по авионската несреќа“.

globe

Слични новости

Кинеската компанија ќе бара итно објаснување од Албанија по одлуката за блокирање на TikTok

Кинеската компанија ќе бара итно објаснување од Албанија по одлуката за блокирање на TikTok

Кинеската технолошка компанија „„ByteDance“, во чија сопственост е платформата за размена на кратки видеа TikTok ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со одлуката за затворање на платформата на една година во Албанија