Пол Мекартни ја заврши турнејата со концерт во лондонската О2 Арена, а финалето на турнејата беше одбележано со свирка на двајцата преживеани од оригиналната постава на Битлси.
На самиот крај на дво и пол часовниот настап на бендот на Мекартни, на сцената се придружија Ринго Стар, некогашниот тапанар на Битлси и Рон Вуд гитаристот на Ролинг Стоунс, па сите заедно ја отсвиреа и ја отпејаа Sgt Pepper Lonely Hearts Club Band, и песната Get Back.
Финалето беше зачинето со објавата на Мкартни дека за прв пат по повеќе од 50 години ќе свири на својот оригинален Хофнер бас, гитара која мистериозно исчезна во 1972, а се појави сосема одненадеж кај еден Британец.
Проценетата вредност на бас гитарата е 10 милиони фунти, а беше купена на почетокот на 60-тите за 30 фунти. Откако беше украдена, продадена му е на сопственик на паб за ситни пари и неколку кригли пиво. Бас гитарата беше пронајдена во подрумот на пабот, по смртта на сопственикот.
Турнејата на Мкартни која штотуку заврши, донесе заработка од 154 милиони фунти, а го имаше симболичното име „Got back“.
Слични новости
Историскиот фирентински Коридор до палатата Медичи е повторно отворен
Подигнатата патека од ренесансата која ги поврзува галериите Уфици во Фиренца со палатата Пити, поранешната резиденција на семејството Медичи, повторно беше отворена за јавноста во саботата, повторно нудејќи спектакуларен поглед на историскиот италијански град
Илјадници луѓе ја прославија зимската краткоденица во Стоунхенџ
Речиси 4.500 друиди во традиционална облека, шамани и други љубопитници ја дочекаа зората во неолитскиот комплекс во југозападна Англија
Првoто вселенско јапонско саке ќе чини 613 илјади евра
Идејата е да се создаде саке под претпоставка дека ќе има побарувачка за алкохол ако луѓето почнат да живеат на Месечината уште во 2040-те,