Од денеска официјално започнуваат божиќните празници за американскиот Бокс офис. Од 20 декември Парамаунт ја пушти премиерата на „Sonic the hedgehog 3“, а Дизни долгоочекуваниот анимиран филм „Муфаса: Кралот лав“. Двата анимирани филмови се идеaлни за посета на кината на цели семејства.
Соник кој стана голема франшиза за Парамаунт и производителот на игри „Сега“ се очекува да го заврши викендот со заработувачка близу 60 милиони долари во САД, а Муфаса Кралот Лав се очекува да стигне до заработка од 50 милиони долари.
Двата филма, освен во САД имаат премиери насекаде низ светот.
И покрај тоа што периодот околу Божик е погоден за луѓето да одат во кино, филмовите кои имале премиери околу Боиќ и божикните филмови никогаш не остварувале голему успеси на кино благајните, па дури и Аватар, кој стана најгледан филм отпосле, а немаше спектакуларен старт за Божик.
„Муфаса Кралот Лав е режиран од Бари Џенкинс“. Станува збор за една од најпознатите анимирани франшизи на Дизни, а во 2019 Кралот Лав заработи повеќе од една милијарда долари на глобалните пазари.
Слични новости
Третманот за рак на кралот Карл добро напредува и ќе продолжи и во иднина
Третманот за рак на британскиот крал Чарлс добро напредува и ќе продолжи следната година, изјави во петокот извор од Бакингемскиот дворец
Во Германија откриени штетни состојки во чоколадите Дубаи
Во примероците на таканаречената Дубаиски чоколади, увезени во Германија, пронајдени се многу штетни состојки, соопшти во четвртокот Министерството за потрошувачка на сојузната покраина Баден-Виртемберг
Кинеските астронаути поставија светски рекорд во вселенска прошетка
За време на вселенската прошетка, кинеската мисија требаше да постави штитови на вселенската станица за да ја заштити од вселенски отпад и да прегледа различни инструменти