Владата на Србија во петокот го усвои предлогот на Министерството за образование, одморот за основните и средните училишта низ земјата да започне порано од досега веќе на 24 декември, среде студентските протести, кои започнаа под објасннувањето поради несреќата на станицата во Нови Сад, на кои сѐ повеќе почнаа да се приклучуваат и средношколците.

Во падот на настрешницата пред неколку години реновираната а претходно годинава промовирана железничка станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 15 претежно млади лица, а двајца беа тешко повредени со трајни последици.

Таа несреќа предизвика бран протести во земјата со барање одговорност од надлежните, надлежните министри и институции, со обвинувања дека несреќата ја предизвикале од невнимание, лошо извршување на работите, несоодветен надзор и коруптивни дејствија.

Неколку министри си поднесоа оставки и се приведен во притвор, преседателот Александар Вучиќ објави делови од истрагата и рече дека се исполнети главните студентски барања, но протестите продолжија под водство на политичката опозиција, а владејачката партија обвинува дека многу директори и наставници на средни па и на основно училишта незаконски ги изведуваат малолетниците на протести запирајќи ја наставата.

Опозицијата и активистите ги обвинуваат властите и владејачката партија дека испраќаат свои членови, функционери и провокатори на блокадите со кои се парализираат движењата во градовотеи, за да остават впечаток во јавноста дека овие протести се насилни.

По наводен провокаторски напад врз студенти на белградскиот Факултет за драмски уметности, кои им оддаваа почит на 15-те загинати, започна бран протести и повеќе од 50 факултети и ректори во сите четири државни универзитетски центри беа блокирани, а нејасно се бара „браза и ефикасна“ истрага за несреќата и објавување на сите документи кои сведочат за причините за падот на настрешницата, што Вучиќ и го стори.

Од ден на ден, средношколците навоно се приклучуваат на протестите, за кои државните лидери, почнувајќи од српскиот претседател Александар Вучиќ, тврдат дека се „политички инструирани“.

Средношколците од неколку белградски училишта во петокот блокираа две улици пред зградата на Владата со симболичен протест во 11:52 часот, кога падна настрешницата на станицата и им оддадоа почит на жртвите. Средношколците уште еднаш ја истакнаа својата поддршка за студентите кои бараат одговорност за трагедијата во станицата во Нови Сад.

Иако во владината одлука за почеток на распустот, една седмица порано, протестите на средношколците и блокадата на одредени училишта не беа споменати како причина за промена на училишниот календар, мнозинството од опозициската јавност вели дека нема дилеми дека овој потегот на извршната власт е резултат на „младинскиот бунт на кој владата нема вистински одговор“.

Распустот на територијата на Војводина требаше да започне на 24-ти декември, а во остатокот од Србија на 30-ти декември, според досегашниот закон.

На почетокот од седмицава, ректоратот на Универзитетот во Белград го отфрли предлогот на студентите да се прогласи генерален штрајк на универзитетот но студентите упорно го блокираат факултетот, инсистирајќи дека не се исполнети сите нивни барања.

globe

Слични новости

Се бара максимални казни за родителите на малолетниот масовен убиец во училиштето во Белград

Се бара максимални казни за родителите на малолетниот масовен убиец во училиштето во Белград

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, во петокот побара од судот максимална казна за родителите на момчето кое во мај 2023 година со пиштолот на неговиот татко во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и чувар а рани уште пет ученици и наставничката.

Едно дете почина а уште пет лица се ранети во напад со нож во основно училиште во Загреб

Едно дете почина а уште пет лица се ранети во напад со нож во основно училиште во Загреб

Хрватсата министерка за здравство Ирена Хрстиќ во петокот напладне изјави дека е згрозена од нападот во основното училиште „Пречко“ во кој, како што наведе, загина седумгодишно дете, а пет лица се повредени, од кои три биле деца и двајца возрасни