На валутните пазари, по пораките на американската централна банка, во раното претпладневно тргвуање во петокот, вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна втор ден по ред и достигна највисоко ниво во последните две години.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 108,45 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 108,08 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна од вчерашните 155,45 на 157,10 јени, што е највисоко ниво во последните пет месеци.
Јенот е под притисок, бидејќи јапонската централна банка вчера одлучи да ја остави основната каматна стапка непроменета на 0,25 отсто, и покрај зголемената инфлација во Јапонија.
Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0355 долари, додека вчера во истиот перио беше 1,0380 долари. Еврото оваа седмица ослабе за 1,4 отсто во однос на доларот.
Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,58 отсто, на 72,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,61 отсто, на 68,95 долари.
Слични новости
Нафтата поевтини на 72 долари
Цените на нафтата паднаа во петокот поради загриженоста за побарувачката следната година, особено во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта
Европските берзи во пад, Трамп се заканува со царини
Цените на европските акции остро паднаа во петокот претпладнето, откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани со царини на увозот од Европската унија
Волстрит: Внимателно тргување, индексите стагнираат
На Волстрит берзанските индекси беа главно непроменети во четвртокот, бидејќи пазарот не успеа да закрепне од остриот пад ден претходно, кога американската централна банка сигнализираше дека има намера да го забави темпото на намалување на каматните стапки