Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево се огласи на обвинувањата на СДСМ во врска со бегството на Артан Груби, по кој е распишана меѓународна потерница за случајот со Државна лотарија. Тој посочува дека МВР има видео запис за настанот, а на полицискиот службеник му е изречена суспензија.
„Благодарност до госпоѓа (портпаролката Богданка) Кузеска и СДСМ за тоа што повторно покажаа дека единствено нешто кое што знаат и умеат да го прават е да ја лажат македонската јавност и македонските граѓани. Сите докази коишто се во насока на расветлување на случајот со излезот на лицето кое што сега е недостапно на органите на прогон и треба да се искористат во рамки на оваа постапка се обезбедени од страна на МВР, односно МВР поседува видео запис на којшто јасно се гледа повреда на закон и повреда на стандардни оперативни процедури од страна на полицискиот службеник којшто бил во тој момент во рамки на граничната полиција“, наведува Тошковски во видеото објавено на неговата фејсбук страница.
Додава дека против истиот наредниот ден се преземени сите истражни постапки и врз основа на истите е доставено известување до надлежното јавно обвинителство, а тоа е Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
„Во текот на денешниот ден по консултација со надлежниот јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава која што ќе биде наредниот ден, односно утре поднесена до надлежното јавно обвинителство“, информира Тошковски.
Исто така, додава, од страна на МВР е изречена суспензија во однос на предметното лице и исто така можам да потврдам дека ниту лично го познавам предметното лице, ниту лично сум потпишал или издал било каков акт во однос на неговото назначување за да работи во рамки на граничната полиција во Македонија.
„Жалам што навистина една партија која што себеси се нарекува за државотворна партија повторно ги брани нивните партнери, тоа се ДУИ, нели, и повторно покажува дека не работи во интерес на македонските граѓани, туку работи во лукративен интерес на нивните најблиски соработници коишто патем, еве слободно можам да кажам дека токму лицето кое што е недостапно на органите на прогон на времето, нели, кога беа во љубов изјавуваше дека тие биле едно. Епа дека тие се едно повторно докажуваат и потврдуваат со нивниот начин на однесување. Но, нека не се секираат, МВР ги има соодветните капацитети и покрај тоа што го оставија во фаза на швајцарско сирење и ќе си постапи согласно законите и согласно Уставот и секој еден којшто се огрешил ќе одговара пред лицето на правдата“, наведува Тошковски.
За разлика од претходно, потсетува тој, кога крив беше пајакот, сега оној којшто сторил незаконитост има име и презиме и ќе биде изведен пред лицето на правдата.
Претходно СДСМ преку соопштение до медиумите, го повикаа министерот Тошковски да излезе и да ја каже вистината за бегството на Груби, во спротивно, како што посочуваат, тоа ќе го направи СДСМ.
„Тошковски два дена молчи и се крие од јавноста за скандалозните пропусти кои личат на организирано пуштање на Груби. Ова е скандал од огромни размери а информациите кои стигаат до СДСМ секој ден се се позагрижувачки“, велат од СДСМ. Oттаму нагласуваат дека доколку Тошковски не излезе во рок од 24 часа да ја каже вистината за случајот, тогаш СДСМ „ќе го открие скандалот во целост“.
Слични новости
Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид
Премеирот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од ЕУ самитот посветен на земјите од Западен Балкан во однос на проблемот со Бугарија истакна дека неговата дискусија во Брисел се водела од тоа дека потребно е решение кое ќе гарантира да земјата да го изоди патот докрај
Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат, вели Мицкоски
-Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања, не му мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности, вели премиерот Мицкоски во интервју за МТВ.
Промовиран првиот водич за обезбедување бесплатна правна помош во постапките за азил во нашата држава
Водичот е резултат на соработката помеѓу Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Високиот комесар за бегалци во Северна Македонија (УНХЦР), Македонското здружение на млади правници и Адвокатската комора на Република Северна Македонија.