Глобалната побарувачка на јаглен е поголема од кога било, објави во средата Меѓународната агенција за енергија (IEA).

Потрошувачката на јаглен силно закрепна по остриот пад за време на пандемијата на коронавирусoт, објави IЕА. Според проценките на агенцијата, оваа година би требало да изнесува рекордни 8,77 милијарди тони.

Побарувачката ќе остане релативно стабилна до крајот на 2027 година, бидејќи обновливите извори на енергија играат сè поголема улога во производството на електрична енергија и намалената потрошувачка на јаглен во Кина, очекува IEA.

Директорот на IЕА за енергетски пазари и безбедност, Кеисуке Садамори, изјави дека брзото користење на технологии за чиста енергија го менува глобалниот сектор на електрична енергија, кој сочинува две третини од светската потрошувачка на јаглен.

„Меѓутоа, временските фактори – особено во Кина, најголемиот светски потрошувач на јаглен – ќе имаат големо влијание врз трендовите на краткорочната побарувачка на јаглен. Брзината со која расте побарувачката за електрична енергија ќе биде, исто така, многу важна на среден рок“, рече Садамори.

Кинескиот сектор на електрична енергија е особено важен за глобалниот пазар на јаглен, бидејќи една третина од светската потрошувачка на јаглен се согорува во електроцентрачите во оваа земја.

Побарувачката на јаглен во Кина се очекува да порасне за еден процент на 4,9 милијарди тони во 2024 година, додека индиската би можела да се зголеми за повеќе од пет проценти до 1,3 милијарди тони.

Во ЕУ и САД побарувачката на јаглен годинава паднала за 12, односно пет отсто. Падот во 2023 година изнесуваше 23 и 17 проценти, соодветно.

globe

Слични новости

Цените на нафтата благо пораснаа кон 74 долари

Цените на нафтата благо пораснаа кон 74 долари

Цените на нафтата се зголемија во средата, поддржани од податоците за падот на залихите на сурова нафта во САД, додека инвеститорите претпазливо го очекуваат потенцијалното дополнително намалување на стапката на централната банка на САД

Забрзана инфлацијата во ЕУ

Забрзана инфлацијата во ЕУ

На ниво на 27-члената Европска унија, годишната стапка на инфлација во ноември изнесува 2,5 отсто, откако во октомври беше зголемена за 2,3 отсто