Археолозите го открија најрано познатиот доказ за христијанството северно од Италија, а откритието на записот во сребро на латински јазик е наречено едно од најзначајните сведоштва за раното христијанство.
Артефактот е наречен франкфуртски сребрен запис. Беше откриен во 2018 и врз него беа вршени повеќегодишни анализи и проучувања, чии резултати сега се објавуваат, пренсе Фокс њуз.
Записот се наоѓа на сребрена фолија и се состои од 18 редови испишани на латински јазик, а датира од периодот меѓу 230 и 260 година од новата ера.
Фолијата била замотана во мала сребрена амајлија. Како што наведуваат германските археолози, артефактот беше пронајден во една гробница од третиот век во градот Хесе, каде што некогаш се наоѓал античкиот римски град Нида.
Записот почнува зо зборовите „Во име на светиот Титус ! Во име на Исус Христос Божјиот син“. Професорот од Гете институтот Маркус Шолц укажа дека записот е на латински, а не на хебрејски или грчки, како и дека во него воопшто не се спомнуваат јудаизмот или пагански елементи, што го прави откритието уште позначајно.
Слични новости
Американската морнарица му оддаде признание на Том Круз за улогата во „Топ Ган“
Американската морнарица му додели специјална цивилна награда на холивудскиот актер Том Круз за „зголемување на регрутирањето на пилоти“ со неговата улога како поручник Пит „Маверик“ Мичел во „Топ Ган“
Германците најмногу се плашат од радиоактивното зрачење по нуклеарен судир
Според резултатите од истражувањето, 58 отсто од граѓаните стравуваат од радиоактивно зрачење како последица на нуклеарен конфликт
Ватикан на работ од банкрот
Ватикан, најмалата држава на светот, за своите проходи се потпира врз комбинација на донации и инвестиции. Во 2023 дефицитот на Ватикан изнесуваше 83 милиони евра, што е 5 милиони евра повеќе отколку лани, објавуваат италијанските медиуми.