Aмбасадорката на Соединетите држави во Македонија, Анџела Агелер не коментираше во вторникот во врска со отворените истраги и обвиненија кои се поведени против двајцата функционери откако нејзината земја ги стави на „црна листа“ како осомничени за корупција.

На 9. декември Стејт департментот јавно ги назначи поранешниот прв вицепремиер и висок партиски функционер на ДУИ, Артан Груби, како и судијата Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Два дена подоцна Обвинителството отвори предмет за двајцата поради обвинувањата за трговија со влијание и значителна корупција.

 

 

„Не можам. Јас не сум дел од ниту еден од внатрешните истражни процеси во оваа земја“, рече денеска Агелер на прашањето дали може да ја коментира истрагата што започна по ставањето на двајцата функционери на „црната листа“ на Стејт Департментот.

На новинарското прашање дали САД ќе помогнат за надминување на проблемот меѓу Македонија и Бугарија, Агелер рече дека ќе го повтори веќе искажаниот став.

 

„Ние не сме дел од Европската унија. И затоа ние не сме дел од многу од тие дискусии. Но, ќе го кажам она што го кажавме претходно во Вашингтон и овде во Скопје, а исто така и мојот пријател во Софија, нашиот амбасадор таму, многу би сакале да ја видиме Северна Македонија во Европската унија и се надеваме дека нивните дискусии ќе бидат успешни и плодни. Затоа што просперитетната, успешната, сигурната иднина на оваа земја е во рамките на Европската унија. Таа е во срцето на Европа. И затоа таму припаѓа“, рече Агелер.

globe

Слични новости

МВР распиша потерница за Груби и Бајрами

МВР распиша потерница за Груби и Бајрами

Министерството за внатрешни работи денеска распиша потерница по Артан Груби и по Перпарим Бајрами, двајцата осомничени во случајот со проневера на милиони народни евра во државна лотарија.

Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан

Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан

На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.