Сер Елтон Џон е прогласен за икона на годината на магазинот „Тајм“ за 2024 со што е овековечено неговото шестдецениско патување низ музичката индустрија. Признанието не го одразува само неговото трајно влијание во музиката, туку и придонесот кон филантропијата и активизмот.

„Тајм“ истакнува дека Елтон Џон имаше 57 хитови на американската топ 40 Билборд листа и ја нагласува неговата еволуција од блескав изведувач познат по необичните костуми и екстравагантен начин на живот, до бродвејски композитор.

Освен што беше плоден креатор на музика, Елтон Џон имаше широко општествено влијание како филантроп. Фондацијата „Елтон Џон АИДС“ сведочи за неговата посветеност кон хуманитарните цели и борбата против сидата. Музичките креации и филантропијата го зацврстија Елтон Цон како културна икона што го користи своето влијание за да поттикне општествени промени.  

Слични новости

Американската морнарица му оддаде признание на Том Круз за улогата во „Топ Ган“

Американската морнарица му оддаде признание на Том Круз за улогата во „Топ Ган“

Американската морнарица му додели специјална цивилна награда на холивудскиот актер Том Круз за „зголемување на регрутирањето на пилоти“ со неговата улога како поручник Пит „Маверик“ Мичел во „Топ Ган“

Откриен најстариот доказ за христијанството северно од Алпите

Откриен најстариот доказ за христијанството северно од Алпите

Записот се наоѓа на сребрена фолија и се состои од 18 редови испишани на латински јазик, а адтира од периодот меѓу 230 и 260 година од новата ера.
Фолијата била замотана во мала сребрена амајлија. Како што наведуваат германските археолози, артефактот беше пронајден во една гробница од третиот век во градот Хесе, каде што некогаш се наоѓал античкиот римски град Нида.