Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес стои во Завршната декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан, со која се потврдува дека иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија.
Декларацијата истакнува дека забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес и дека напредокот на земјите од регионот треба да се базира на кредибилни реформи и индивидуални заслуги. Потенцирано е значењето на помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи, со посебен акцент на спроведувањето на меѓународните договори, како Преспанскиот и Договорот за пријателство со Бугарија.
Во декларацијата се нагласува потребата од решителни напори за решавање на билатералните спорови и стабилизација на регионот, како и важноста на владеењето на правото, основните права и борбата против корупцијата.
ЕУ ги поздравува напорите на партнерите од Западниот Балкан за економски раст и интеграција, како и зајакнување на соработката во безбедноста и одбраната, особено во контекст на глобалните геополитички промени и агресијата на Русија против Украина. Документот исто така ги поттикнува земјите на Западниот Балкан да продолжат со спроведување на реформите, со цел приближување кон ЕУ и подобрување на регионалната стабилност и економска интеграција.
Слични новости
Герапетритис: Грција, Кипар и Австрија предлагаат одредување специјален претставник на ЕУ за Сирија
Шефот на грчката дипломатија, одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата во Сирија објасни дека Грција има јасна позиција дека „во моментов она што е важно е да се обезбеди транзиција кон демократска нормалност
КСПС: Одливот на кадар во правосудството е алармантен, има уназадување во перформансот и бројот на решени предмети
Подобрување во јавноста и достапноста на податоци за судењата, но и уназадување во перформансот и бројот на решени предмети. Формална, но не и суштинска транспарентност во работата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и значителен одлив на кадар од судството и јавното обвинителство, покажуваат извештаите на Коалиција „Сите за правично судење“ што беа презентирани на годишната конференција за презентација на анализите за 2024 година.
Домаќинствата од јануари ќе плаќаат за 0,92 отсто поскапа струја
Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари 2025 ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.