Мигрантите играат сè поважна улога на пазарите на труд со високи приходи, според податоците објавени во понеделникот од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ – ILO) со седиште во Женева.
Во северна, јужна и западна Европа, уделот на вработени мигранти се зголемил во периодот меѓу 2013 и 2022 година од 22,5 отсто на 23,3 отсто. Уделот на мигрантите во работната сила е особено висок во Европа, Северна Америка и арапските земји.
Дел од причината е и стареењето на населението на овие простори. Мигрантите ги преземаат работните места на оние кои заминуваат во пензија, а се зголемува и побарувачката за старатели на стари лица.
Терминот „мигрант“ се однесува на секој кој работи надвор од својата матична земја. МОТ вклучува и лица со работни визи и мигранти без документи кои работат во земјата домаќин.
Добри две третини од нив се вработени во услужната индустрија, споредено со приближно половина од домашното население, покажуваат податоците.
Во светот, во 2022 година, уделот на мигрантите во вкупната работна сила изнесуваше 4,7 отсто. МОТ го процени вкупниот број на мигранти во светот на 284,5 милиони. Околу 255,7 милиони биле постари од 15 години, па затоа биле способни за работа. Од нив, 167,7 милиони биле вработени, за 30 милиони повеќе од 2013 година.
Слични новости
Цените на нафтата благо пораснаа кон 74 долари
Цените на нафтата се зголемија во средата, поддржани од податоците за падот на залихите на сурова нафта во САД, додека инвеститорите претпазливо го очекуваат потенцијалното дополнително намалување на стапката на централната банка на САД
Светската побарувачка на јаглен руши рекорди
Побарувачката ќе остане релативно стабилна до крајот на 2027 година, бидејќи обновливите извори на енергија играат сè поголема улога во производството на електрична енергија
Забрзана инфлацијата во ЕУ
На ниво на 27-члената Европска унија, годишната стапка на инфлација во ноември изнесува 2,5 отсто, откако во октомври беше зголемена за 2,3 отсто