Германскиот парламент во понеделникот ѝ изгласа недоверба на малцинската влада на канцеларот Олаф Шолц, отворајќи го патот за предвремени избори на 23 февруари по распадот на неговата централно-левичарска коалиција минатиот месец.

Од присутните 717 пратеници, 394 гласаа против Шолц, 207 за, а 116 беа воздржани, соопшти претседателот на Бундестагот, Бербел Бас.

Канцеларот сега ќе побара од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер да го распушти парламентот и да распише нови избори околу седум месеци порано од планираното. Резултатот од гласањето беше очекуван, бидејќи владата на Шолц повеќе нема мнозинство во парламентот.

Социјалдемократот Шолц поднесе барање за гласање доверба три години откако неговата трипартиска владејачка коалиција ја презеде функцијата во 2021 година. Овој потег уследи по неколкумесечни жестоки борби за економската политика и буџетот за 2025 година, особено со помалиот коалициски партнер, про-бизнис Слободната демократска партија (FDP).

Откако на почетокот на ноември канцеларoт одлучи да го разреши тогашниот министер за финансии Кристијан Линднер од FDP, партијата ја напушти коалицијата, оставајќи го Шолц во малцинска влада со Зелените.

globe

Слични новости

Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина

Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Le Parisien зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите во тој контекст на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната

Кошта: За сите нас проширувањето на ЕУ е приоритет и сме посветени на тоа

Кошта: За сите нас проширувањето на ЕУ е приоритет и сме посветени на тоа

Бидејќи припаѓаме на исто европско семејство, делиме континент и што е најважно, заеднички вредности и заедничка историја. Второ, затоа што проширувањето е приоритет за сите нас. Ние веќе сме посветени на проширувањето и сите веруваме дека проширувањето е најважната геополитичка инвестиција во мирот, безбедноста и просперитетот, истакна Кошта.