На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна во раното претпладневно тргрување во понеделникот, откако минатата седмица порасна за 0,9 отсто.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,87 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 106,94 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 153,65 на 153,85 јени.

Но американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0515 долари, додека во петокот вечерта изнесуваше 1,0505 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа по минатонеделниот значителен пораст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,47 отсто, на 74,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,65 отсто, на 70,85 долари.

globe

Слични новости

Цените на нафтата благо пораснаа кон 74 долари

Цените на нафтата благо пораснаа кон 74 долари

Цените на нафтата се зголемија во средата, поддржани од податоците за падот на залихите на сурова нафта во САД, додека инвеститорите претпазливо го очекуваат потенцијалното дополнително намалување на стапката на централната банка на САД

Забрзана инфлацијата во ЕУ

Забрзана инфлацијата во ЕУ

На ниво на 27-члената Европска унија, годишната стапка на инфлација во ноември изнесува 2,5 отсто, откако во октомври беше зголемена за 2,3 отсто