Два месеца откако објави во Барселона дека се повлекува во играчка пензија, легендата на шпанскиот фудбал Андрес Иниеста се збогуваше со својата богата играчка кариера во неделата во Токио на егзибиционен натпревар меѓу поранешните познати тимови Барселона и Реал Мадрид.
Пред повеќе од 45.000 навивачи во Токио, Иниеста ги покажа последните фудбалски потези и трикови, кои му овозможија двапати да го освои ЕУРО (2008, 2012) и еднаш Светското првенство (2010).
Се погрижи за заминување во голем стил со тоа што уфрли центаршут во последната минута, кој одбраната на Реал Мадрид го пренасочи во сопствената мрежа и им донесе победа на каталонските ривали од 2:1.
Иниеста играше во Токио со својот поранешен партнер од средниот ред Чави Ернандез, но и Ривалдо, Рафаел Маркез и Хавиер Савиола во тимот на Барселона. Дел од тимот на Реал беа Роберто Карлос, Фабио Канаваро и Икер Касиљас.
„Мислам дека тоа беше одличен натпревар за јапонските навивачи“, изјави Иниеста, кој кариерата ја заврши во Висел Кобе пет години откако ја напушти Барселона во 2018 година.
Иниеста освои вкупно 32 трофеи со Барса, вклучувајќи четири Лиги на шампиони (2006, 2009, 2011, 2015) и девет национални првенства (Ла Лига), кои ги сподели со Лионел Меси, кој беше негов соиграч во поголемиот дел од сезоните. По 16 сезони во Барса, а потоа и завршување на кариерата во Јапонија и Емирати, „Дон Андрес“ сега на 40-годишна возраст ќе ја започне својата тренерска кариера.
„Размислувам да добијам тренерска диплома и сакам да видам каде ќе ме однесе кариерата“, изјави Иниеста за новинарите.
Слични новости
Реал Мадрид интерконтинентален шампион
Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија Интерконтиненталниот куп победувајќи ја мексиканската Пачука со 3:0 во катарски Лусаил.
НБА го претстави новиот формат на „Ол Стар“ натпреварите
Водството на американската професионална кошаркарска лига НБА соопшти дека овосезонскиот „Ол-стар“ натпревар, кој ќе се одржи на 16. февруари во Сан Франциско, ќе се игра во нов формат
НБА Kуп: Милвоки ја победи Оклахома Сити во финалето
Кошаркарите на Милвоки се новите освојувачи на НБА Купот, во финалниот меч во Лас Вегас ја победија Оклахома Сити со 97:81 (27:28, 24:22, 26:14, 20:17)