Германските социјалдемократи планираат да воведат програма „Произведено во Германија“ во идната влада за да ги поттикнат инвестициите во најголемата европска економија, покажа предизборниот манифест на партијата во неделата пред веројатните предвремени избори следната година.

Планот вклучува директен поврат на данок од 10 отсто за инвестициите во опремата на компанијата, според документот што го видел Reuters.

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц, член на SPD, испрати барање до парламентот минатата седмица да се одржи гласање за доверба во понеделник, со што се отвора патот за предвремени федерални избори следната година по распадот на неговата коалиција.

SPD во моментов има поддршка од 17 отсто, покажа истражувањето на INSA објавено во саботата, зад конзервативната CDU и крајно десничарската AfD – кои имааат 31 отсто, односно 20 отсто.

SPD, која управува со Германија во малцинска влада со Зелените, во својот изборен манифест наведува дека планира да го поттикне купувањето електрични автомобили од германско производство со привремени даночни олеснувања за купувачите. Исто така, предлага формирање таканаречен Германски фонд, првично вреден 100 милијарди евра, за поддршка на клучните области како што се електричната енергија, мрежите за греење, водородната инфраструктура, станиците за е-полнење и домувањето.

globe

Слични новости

Фон дер Лајен: Урнати се илузиите за европската безбедност

Фон дер Лајен: Урнати се илузиите за европската безбедност

Илузиите за безбедноста на Европа се урнати и Европската унија мора веднаш да почне да инвестира значително повеќе во својата одбрана, изјави во вторникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето пред Европскиот парламент